Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Бојко Борисов прифати да биде иден премиер

Бојко Борисов не сака да им отстапи министерски места на другите десничарски партии

СОФИЈА - Бојко Борисов, чија централнодесничарска партија ГЕРБ победи на изборите што се одржаа на 5 јули, вчера се согласи да биде следниот премиер на Бугарија, ветувајќи дека ќе стави крај на климата на поседување имунитет и спречување пролонгирана рецесија. Претседателот Георги Прванов му го додели на Борисов, 50-годишниот градоначалник на Софија и поранешен телохранител, мандатот да формира нова влада во следните седум дена. ГЕРБ освои 40 отсто од гласовите, но му фалеа само пет места за да обезбеди мнозинство во 240-члениот парламент.

Борисов потврди дека неговата партија има цел да формира мнозинска влада со поддршка на други десничарски партии, но без да отстапува министерски места. „Ние ќе формираме наша влада“, изјави Борисов пред новинарите откако го доби мандатот. „Ќе формираме кабинет кој ќе ја води Бугарија надвор од кризата“. Борисов веќе доби овации за плановите во неговиот кабинет да донесе економисти и реформисти образовани на Запад. Симеон Џанков, економист од Светска банка, најверојатно, ќе биде министер за финансии. Меѓутоа, набљудувачите посочуваат дека малцинската влада би можела да го зголеми ризикот од нестабилност и да ја отежне агендата на ГЕРБ за радикални реформи за враќање на владеењето на правото и сопирање на одолжувањето на рецесијата.

Групацијата од десничарски партии позната како „Сина коалиција“, екстремно десничарската партија Атак и популистичката десноориентирана Поредок, закон и правда во средата соопштија дека ќе ја поддржат владата на ГЕРБ дури и ако не им биде дадено министерски место. ГЕРБ им понуди на трите групации меморандум за политичка соработка, чии главни приоритети ќе бидат враќање на доверб��та на ЕУ, казнување на корумпираните официјални лица и преземање актикризни мерки. Најсиромашната држава во ЕУ стана црна овца во Унијата откако Брисел минатата година и го прекина пристапот до околу половина милијарда евра во помош поради измама. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар

Од: kirsner
Датум: 17.07.2009 01:44:44
Бојко Борисов не е бил никогаш телохранител. Беше шеф на најголемата фирма за охрана "Ипон", која имаше договори со најголемите банки и фирми во Бугарија. "Ипон" имаше и договор за охрана на Симеон Сакскобурготски.(1996-2001) и Тодор Живков кога Живков беше под домашен арест (1991-1995).
Од: девичанецот
Датум: 17.07.2009 08:40:32
Не е бил? Или е бил? Сепак не е битно!!!
Од: GERB
Датум: 17.07.2009 11:26:11
Utrinski, A kakov e vasiot stav za Bate Bojko,(ne na Rojters) ???

Најди! во Утрински
Свет
Пронајдени црните кутии од урнатиот ирански авион
Сите непријатели на Саркози
Баросо ќе биде избран пред референдумот во Ирска
Жртвите во Авганистан ги разбеснија Британците
Чешка бара ЕУ да воведе визи за Канада
Медведев згрозен од убиството на Естемирова
Мусави ќе се појави во јавноста на петочната молитва
Полета „Ендовер“ со седуммина астронаути
Почина најстарата родилка во светот