Канада воведе визен режим за Чешка поради големиот број чешки Роми кои аплицираат за азил
Чешката влада упати апел за солидарност од земјите-членки на ЕУ откако Канада одлучи да го прекине безвизниот режим со Прага поради се' поголемиот број чешки Роми кои аплицираат за азил. Две години по укинувањето на визите за Чешка како нова земја-членка на Европската унија, Канада во вторникот повторно ги воведе обврските за вадење виза за сите луѓе од таа земја, по неколкуте дипломатски предупредувања дека ќе го направи тој чекор. Иако свесни за проблемот со барање азил на луѓе со ромско потекло и плановите на Отава за негово решавање, чешките официјални лица посочија дека одлуката е еднострана и нефер и за неа треба да протестира цела Европа.
Како одговор на ова, Прага го повлече својот амбасадор од Канада и воведе визи за канадските дипломати. Воведувањето визи за сите канадски државјани ќе треба да биде договорено во соработка со другите земји-членки на ЕУ. Меѓутоа, чешката влада, исто така, официјално побара од Европската комисија да примени процедура на солидарност во Унијата што би можела теоретски да резултира во одлука од сите 27 членки на ЕУ за воведување виза за Канада. „Очекуваме мерките воведени од Канада да бидат привремени и се надеваме дека наскоро повторно ќе биде воспоставено целосно безвизно движење меѓу ЕУ и Канада“, изјави Мишел Церконе, портпарол на Комисијата, пред новинарите во Брисел.
Меѓутоа, канадските власти застанаа во одбрана на своите постапки и ја побија критиката од Прага. Министерот за имиграција, Џејсон Кени, ја минимизира можноста за заедничка ЕУ-реакција како што беше побарано од страна на Чесите. (ЕУ-обсервер)
Ha, ha, ha.Pocna cirkusot, duri i preku Atlantikot.Taka bese i vo SFRJ, pocna i zavrsi.Ednas mora da padnat maskite megju stariot zapad i novokomponovanite sateliti od istocna Evropa.Koga toa ce ja dostigne kulminacijata, togas e i pocetokot na krajot na EU.Ne bi se iznenadil koga vo bliska idnina zemjite na EU da pocnat so megjusobno voveduvanje vizi.Ne deka jas i posakuvam kraj na EU, naprotiv, no samo analiticen se obiduvam da bidam.Tamu, vo EUe sobrano i "suto i rogato", kako sto veli edna pogovorka.Tolku razlicitosti, sistemi, nivoa na razvienost, produktivnost i na krajot interesi sto tesko moze da opstoi.Da ne bidam pogresno razbran, znam deka Kanada ne e clenka na EU.
Од: nekoj
Датум: 17.07.2009 17:26:15
A za promena, Ceska da pocne da im gi dava site prava na Romite sto gi zasluzuvaat? Ponacionalisti od Cesite nema,