Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Жртвите во Авганистан ги разбеснија Британците

Британскиот премиер со нови хеликоптери за армијата сака да го примири гневот на јавноста

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Британскиот премиер Гордон Браун најави дополнителни шест милијарди фунти од буџетот за нови хеликоптери за потребите на армијата, во следните десет години, во обид да ја замолчи домашната опозиција, како и да го примири гневот на јавноста поради зголемените жртви меѓу Британците во авганистанската војна. Во изминатите десет денови дури 15 британски војници беа убиени во судирањата со Талибанците во провинцијата Хелманд, а само во 24 часа, на крајот од минатата недела, осуммина Британци беа убиени во оружени напади и од експлозии на крајпатни мини, што ги поставуваат локалните „бунтовници“. Од почетокот на војната во Авганистан, во есента во 2001 година досега беа убиени, или настрадаа 184 Британци, што е веќе сега повеќе од вкупно 179-те британските жртви во Ирак.

Медиумите и јавноста во Британија ваквиот тажен биланс го означија како „крвава цена во крвавата војна“ што се води илјадници километри далеку од дома и што од разни причини и, главно, за домашни политички потреби, беше потиснувана во втор план, наспроти војната во Ирак, која почна подоцна и за британската армија е веќе завршена. За најновите случувања во Авганистан, се обвинуваат водството на армијата за „неснаоѓање, за лошо водење и за погрешно избрана воена тактика“ во судирањето со послабо вооружените Талибанци, како и владата во Лондон на која и се забележува дека „штеди на армијата“, па затоа има малоброен контингент за задачата што им е доверена, што е згора на се' и со несоодветна опрема за војната што против нив ја води непријателот.

Армиски извори тврдат дека командантите со месеци бараат повеќе војници од се��ашниот контингент од вкупно девет илјади луѓе. По минатонеделниот крвав биланс, Министерството за одбрана најави ревизија на операциите и дозволи некои медиуми да објават дека се прифаќа сугестијата на војската за зголемување на британските сили со уште околу две илјади луѓе. Веднаш потоа, меѓутоа, владини извори тврдеа дека Браун не дава повеќе од 700 нови луѓе, што е околу третина од она што им треба да командантите на теренот. Главнината на недоразбирањето е во опременоста на Британците со блиндирани возила и посебно со хеликоптери, што според експертски мислења е една од главните причини за големата смртност на британската војска. Далеку најголем број убиени војници се жртви во време на патроли, што се извршува пешки или во лесни транспортни возила, џипови, за кои се вели дека се неприспособени за борбата со мини и далечински активинари крајпатни бомби, што е тактика која ја применуваат Талибанците. Наместо тоа, од владата се бара да испрати повеќе потешки и блиндирани транспортери и над се хеликоптери за префрлање на војската.

На шест илјади војници во Хелманд и на другите три илјади Британци во соседната провинција Кандахар на располагање им се само „околу десет чинук“ хеликоптери, како и тринесет други помали што ги има британската војска, но за петте хеликоптери „ликс“ се тврди дека се „малку корисни“, затоа што не се приспособливи на високите температури на авганистанскиот фронт. Колку за споредба, новиот американси контингент од четири илјади луѓе, што се вклучи во операциите во Хелманд има на располагање дури 120 хеликопетри, многу од нив од типот „чинук“. Владата објави дека како дел од засилувањето со оружје и опрема се и новите воени оклопни возила наречени „хаски“, но критичарите во Лондон веднаш им најдоа „мана“, објаснувајќи дека американската војска одбила да ги користи за своите војници, што значи дека не верува многу во нивната безбедност, или барем не толку колку што во нив веруваат Британците.

Министерот за надворешни работи, Дејвид Милибанд, се обиде да ја смири расправијата, тврдејќи дека не е работата во оружјето и опремата, кога станува збор за целата мисија на Авганистан, па Браун сега настојува наместо да се расправа околу техниката и опремата, да го придобие јавното мислење за војната и за потребата од нејзиното продолжување, онака како што и досега се води. Тој на неколкупати објасни дека целите за кои почна операцијата пред без малку девет години и сега важат, како и тоа дека Велика Британија не може да дозволи (и поради себе и својата безбедност) Талибанците да победат. Тоа е во основа она што пред неколку дена, во интервју за британската телевизија Скај, го рече и претседателот на САД Барак Обама, според кого враќањето на Талибанците на власт во Кабул би значело одново создавање безбедносен рај за Ал Каеда и за нејзините терористички операции низ светот.

Во оваа своевидна дебата, се вклучија и медиумите, определувајќи се онака како што се тие партиско-идеолошки поделени. Пролабуристичкиот „Гардијан“ тврди дека британската јавност „не е подготвена да ја скрати подршката“ за војната, иако во анкетата објавена на страниците од истиот весник домашната јавност е речиси идентично поделена за ова прашање. Околу 46 отсто даваат поддршка на авганистанската војна, додека 47 отсто се противат. Од нив големо мнозинство е на мислење дека Британците треба веднаш да се повлечат или до крајот на оваа година, додека околу 36 отсто сметаат дека треба да останат до исполнување на целите на мисијата, што е инаку и став на владата. Лондонски „Индепендент“, најжестокиот критичар на Бушовата администрација и на ирачката војна, што ја кваликуваше како „лудост, непромисленост и излив на новиот американски неоколонијализам“, за авганистанската војна тврди дека е „легална“ и „исправна“ (наспроти ирачката), не размислувајќи премногу за се' поголемиот број јавни пораки на родителите на војниците кои прашуваат за што и за кого гинат британските момчиња.

Овој весник инсистира дека „без разлика на цената“ нема причини за повлекување од Авганистан. „Индепендент“ на пример тврди дека НАТО е „омилено во авганистанската јавност“, затоа што мисијата има „легитимитет, бидејќи се засновува на повикот на демократски избраната влада“ во оваа земја. Тоа благо кажано, не е најточната верзија, затоа што во 2001 година, навистина меѓународните сили, предводени од САД, имаа мандат од ОН, но тие во Аганистан го соборија режимот на Талебанците во Кабул, во почетокот од „војната против тер��рот“ по нападите од септември таа година врз Њујорк и Вашингтон, а потоа тргнаа во чистење на теренот од силите на Ал Каеда. Повикот формален до мисијата на НАТО дојде подоцна, а првата демократска влада со претседателот Карзаи беше избрана во 2004 година. Засилениот отпор на ново-старите Талебанци дојде подоцна, а се засили по поразот на Ал Каеда на ирачкиот фронт.

Другите весници кои се поблиску или подалеку од опозицијата, во основа, не се против војната и засега никој не заговара брзо повлекување, како што, впрочем, не се бараше набрзина извлекување и од Ирак. Но сите, од владата и од Браун, бараат да објаснат кои се целите на британската војска на фронтот и да одделат повеќе пари за уште војници и допонителна опрема, за да се добие војната, без притоа да се плати преголема цена во човечки животи. Поранешниот специјален претставник во БиХ, лордот Ешдаун, предупредува дека Британија ја губи војната во Авганистан, што инаку мора да ја добие, како што вели, со нова и поинаква стратегија.

 

 


Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 17.07.2009 08:37:21
А дали Британците се прашале дали Авганистанците се разбеснети што трпат цивилни жртви, поради Британското воено присуство? Или си ги гледаат само исклучиво своите интереси во странските земји? Само нека се потсетат на изгубената војна во Авганистан на почетокот на минатиот век. Сега, нема теорија да поминат подобро, па уште и да ја добиеле војната?? Ниедна воена сила не добила војна на територија на странска држава. Може да ја окупира повремено, а крајот секогаш е катастрофален за окупаторот.

Најди! во Утрински
Свет
Пронајдени црните кутии од урнатиот ирански авион
Сите непријатели на Саркози
Бојко Борисов прифати да биде иден премиер
Баросо ќе биде избран пред референдумот во Ирска
Чешка бара ЕУ да воведе визи за Канада
Медведев згрозен од убиството на Естемирова
Мусави ќе се појави во јавноста на петочната молитва
Полета „Ендовер“ со седуммина астронаути
Почина најстарата родилка во светот