Полета „Ендовер“ со седуммина астронаути
КЕЈП КАНАВЕРАЛ - Американскиот вселенски шатл „Ендовер“ и седуммина астронаути во средата полетаа од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, за да ја почнат 16-дневната мисија за доставување на последното парче од јапонската истражувачка лабораторија на Меѓународната вселенска станица. По петдневно одложување поради истекување на гориво, удари на гром и лошо време, „Ендовер“ полета во 18.03 часот по патеката што денес ќе го одведе до вселенската станица. Неодамна проширениот шестчлен екипаж на станицата ќе им помогне на астронаутите на „Ендовер“ во инсталацијата на надворешните експериментални платформи, финалната компонента на јапонската „Кибо“ лабораторија вредна 2,4 милијарди долари.
Платформата е дизајнирана за спроведување експерименти на отворено во вселената, и ќе биде инсталирана за време на првиот од петте прошетки во вселената планирани за 11-дневниот престој на екипажот на „Ендовер“. (Ројтерс)
|