Мусави ќе се појави во јавноста на петочната молитва
ТЕХЕРАН - Лидерот на иранската опозиција, Мир Хосеин Мусави, оваа недела ќе присуствува на петочните молитви, во неговото прво појавување во јавноста од минатомесечните спорни претседателски избори, се наведува во соопштението објавено на неговата веб-страница. Изјавата на Мусави ги потврди медиумските информации на почетокот од неделава дека тој ќе присуствува на молитвите во Универзитетот на Техеран што ќе бидат предводени од поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, ривал на реизбраниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Мусави, главниот предизвикувач на Ахмадинеџад на претседателските избори што се одржаа на 12 јуни, изјави дека гласањето било лажирано во корист на тврдокорниот сегашен претседател. (Ројтерс) |