Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Баросо ќе биде избран пред референдумот во Ирска


Лидерот на зелените, Даниел Кон Бендит, жестоко е против новиот мандат на Баросо

Балканот тема и во новиот Европски парламент

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Прв пат во Европскиот парламент се обратија глувонемите Европејци. Унгарскиот европратеник Адам Коса беше првиот говорник кој им се обрати на своите колеги со јазикот на знаците, преведуван од неговата асистентка на унгарски јазик седната пред него. Во таа прилика, Коса жестоко се заложи за почитување на јазикот на малцинствата, среќен што може да се обраќа на својот мајчин јазик - унгарскиот, тој ги критикуваше законските одредби донесени во словачкиот парламент со кои се ограничува користењето на мајчиниот јазик од страна на малцинствата.

„Го користам јазикот на знаците и многу сум чувствителен на овие прашања и сакам сите малцинства да можат да се изразуваат на своите јазици“, рече унгарскиот европратеник проследен со аплаузи од колегите.

Сега веќе легендарниот Даниел Кон Бендит не се откажува од намерата да се осуети изборот на Жозе Мануел Баросо за претседател на Европската комисија. Според лидерот на зелените во Европскиот парламент, многу подобро ќе биде Баросо да стане претседател на Европската унија, функција што ќе стапи во сила со ратификацијата на Лисабонскиот договор. Бендит смета дека ако навистина сите шефови на влади и држави го сакаат толку многу Баросо, тој може да биде претседател на ЕУ и тогаш ќе може на најубав начин да се отвори дебатата за претседател на Комисијата.

Кон Бендит како можен претседател на Европската комисија ги гледа поранешниот висок претставник на ОН за човекови права Мари Робинсон, поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер, лидерот на европските социјалисти Пол Нируп Расмусен, поранешниот белгиски премиер и сегашен европратеник Ги Верхофштад или поранешниот еврокомесар Крис Патен.

Според сите најави, Европскиот парламент ќе гласа за новиот мандат на Баросо на септемвриската сесија, односно пред новиот референдум во Ирска за ратификација на Лисабонскиот договор. Лидерот на народните партии, Жозеп Дол, еден од главните поддржувачи на Баросо, смета дека земјите-членки на ЕУ што нема да го ратификуваат Лисабонскиот договор треба да „бидат казнети како лоши ученици“. Францускиот европратеник е убеден дека Лисабонскиот договор нема да стапи во сила до крајот на годинава и затоа смета дека Комисијата треба да биде составена според договорот од Ница, според кој кога ЕУ ќе го достигне прагот од 27 земји-членки, треба да има помалку комесари од земји-членки на ЕУ. Четири земји-членки на ЕУ се' уште целосно не го имаат ратификувано Лисабонскиот договор: Ирска, Полска, Чешка и Германија и некои размислуваат овие земји да бидат „казнети“ со одземањето на комесарската фотелја во Брисел. Но, изгледало многу неверојатно Германија да остане без комесар во Брисел.

На првата инаугурална сесија во Стразбур, на големо изненадување, Балканот се врати во центарот на интересот на европските новинари, кои инсистираа новоизбраниот претседател на ЕП, Јежи Бузек, да каже што мисли за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Бузек сака да ги види овие земји во ЕУ, но под услов тие земји да ги исполнат условите.

За Балканот се огласи и шведскиот премиер Фредерик Реинфелд, според кого неговата земја ќе направи се' за да се напредне во процесот на проширување, во согласност со ангажирањата преземени од ЕУ и врз критериумите за кои веќе е одлучено. Претставувајќи го своето претседавање со ЕУ, Реинфелд бегло се осврна и на билатералните спорови на земјите-членки со земјите-кандидати. „Тие што се наоѓаат внатре во процесот на проширување може да видат можност за решавање на споровите што траат многу долго“. Шведскиот премиер тука не спомена ниту една земја конкретно, но тоа може да се однесува и на нерешениот билатерален спор на Македонија околу името со Грција. „Во тие прилики треба да најдеме решенија што ќе им бидат корисни на двете страни и ќе им дозволат да одат напред“, нагласи Реинфелд, додавајќи дека шведското претседателство ќе дејствува како „непарцијален посредник“.


Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Пронајдени црните кутии од урнатиот ирански авион
Сите непријатели на Саркози
Бојко Борисов прифати да биде иден премиер
Жртвите во Авганистан ги разбеснија Британците
Чешка бара ЕУ да воведе визи за Канада
Медведев згрозен од убиството на Естемирова
Мусави ќе се појави во јавноста на петочната молитва
Полета „Ендовер“ со седуммина астронаути
Почина најстарата родилка во светот