Почина најстарата родилка во светот
БАРСЕЛОНА - Почина Шпанката што стана најстарата родилка во светот, која во 2006 година на 66 години роди машки близнаци. Братот на Марија дел Кармен Бусада де Лара изјави за весникот „Дијарио де Кадис“ дека таа починала во саботата на возраст од 69 години. Се наведува дека и' бил дијагностициран рак кратко по породувањето. Во 2007 година, Бусада де Лара изјави дека ги лажела за возраста лекарите во клиниката за плодност во Калифорнија за да биде ин витро оплодена, велејќи им дека има 55 години.
Кога близнаците на 29 декември 2006 година се родија во Барселона, Бусада де Лара имаше 66 години и 358 дена, 130 дена повеќе од Романката Адријана Илиеску, која во 2005 година роди девојче. (Би-Би-Си)
|