Можна е криза во 2010 година
Купувачите на шеќер на светскиот пазар во првата половина од следната година ќе се соочат со шеќерна криза, бидејќи понудата на оваа суровина нема да може да ја задоволи побарувачката, оцени Џонатан Кингсман, извршен директор на швајцарската брокерска компанија во секторот за шеќер „Кингсман“.
"Дефицитот на рафинираниот шеќер би можел да изнесува од три до четири милиони метрички тони", изјави Кингсман на конференцијата на Меѓународната организација за шеќер во Лондон. (МИА) |