Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Ќе понуди квалитет, но не и пониски цени

Австриската осигурителна група "Виена иншуренс" објави ребрендирање, со што на македонскиот пазар ќе се бори со поквалитетна и побрза услуга, поголем избор на полиси, нови начини на исполнување на обврските по основ на осигурување, но засега не најавуваат и пониски цени. "Винер осигурување" е ново име на осигурителната компанија "Сигма", која од јуни ја презеде осигурителната групација "Виена". На вчерашната промоција претседателот на Управниот одбор на "Винер осигурување" Македонија, Зоран Нарашанов, истакна дека ребрендирањето не значи само промена на бојата и името, туку и менување и подобрување на стандардите што недостасуваат во осигурителниот бизнис. Еден од најважните аргументи, според претседателот на Надзорниот одбор на "Винер осигурување", Ханс Раумауф, е тоа што компанијата е капитално обезбедена и затоа ќе се насочи кон инвестирање и едукација на вработените. Тој верува во успех и смета оти и во Македонија просечната премија по жител ќе го достигне нивото од Европа. "Во Македонија просечната премија по жител изнесува 75 долари, во старите членки на ЕУ таа е 3.700 евра, а во Хрватска просечната премија по жител изнесува 400 долари", рече Раумауф. Оваа австриска осигурителна групација работи веќе 180 години, а е присутна во 23 земји. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 661 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
За три години треба да никнат 23 мали хидроцентрали
Револт од Интернетот на „Телекабел“
На Интернет сурфаат 52 процента од Македонците
Производството пониско за 8,7 отсто
Владата ќе се задолжи со 56 милиони евра за денационализација
Втора конференција на „ПР Македонија 09“ во декември
Со над 10 милиони денари лани, индиректно се поддржало земјоделството
ЕК одби да ја коментира оцената на Дојче банк за Грција
Разговорите за името ја разбудија Берзата
Можна е криза во 2010 година