Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Револт од Интернетот на „Телекабел“

Од компанијата објаснуваат - дефекти има, но се решаваат тековно

Миркица Поповиќ


Проблеми со Интернет-врската и ненадејни исклучувања, метеж на наплатните пунктови и често недостапна техничка служба се реалноста со која се соочуваат поголемиот број граѓани, претплатници на кабелскиот оператор „Телекабел“.

„Интернетот е невозможен последнава недела. Мојата работа ми налага постојано да имам пристап до Интернет. Викендот воопшто немаше врска, а телефонот на техничката служба беше зафатен постојано. Кога ги добивме, конечно, ни рекоа дека имале технички проблеми и ќе работат на постепено решавање на проблемот. Но, утринава повторно немав Интернет“, револтирано изјави една девојка од скопската населба Козле. Корисниците често се жалат дека кога има мали временски неприлики, како што е дожд, на пример, врската ослабнува, а се случува и да снемаат Интернет и телевизиски канали.

Зоран Илиев, менаџер на „Телекабел“, ни изјави дека викендот поради проблеми со рутерот, Интернетот бил недостапен за корисниците, но дефектот бил решен и се очекува Интернет-конекцијата да е вратена во нормала. Тој додаде дека службите на кабелскиот оператор постојано работат на подобрување на врската, а најголемите проблеми се забележуваат во реонот на општината Аеродром, каде што мрежата е најстара.

Граѓаните сепак, бараат подобра услуга.

„Кабелскиот Интернет беше спас поради ниските цени кога Интернетот од другите оператори беше поскап. Меѓутоа, врската на периоди е нестабилна, без најава не исклучуваат, а потоа треба да чекаме со часови повторно да ни ја вклучат конекцијата“, ни се пожали една граѓанка од населбата Аеродром. Таа вели дека само еден вработен на едниот наплатен пункт во Аеродром не е доволен за да се справи и со корисниците што се дојдени да платат сметки, но и со оние на кои им требаат одредени информации.

„Вработените често се нервозни и нељубезни, бидејќи треба да се справат со голем број луѓе. Тоа е еден аспект на лоша грижа за корисниците. Тежок пристап до техничките служби и ненајавените прекини на програмата и Интернетот се друг аспект“, додава таа.

Во врска со овој проблем, Илиев рече дека од скоро е сменета политиката на „Телекабел“, со што корисниците сега може да ги плаќаат сметките во сите пунктови, независно од населбата во која живеат. „Сметавме дека со ова ќе се растоварат турканиците на наплатните пунктови“, изјави тој. Од „Телекабел“ велат дека неодамна вработиле и нови лица за работа во наплатните пунктови и техничките служби и дека ќе работат на зголемување на бројот на шалтерите во наплатните пунктови со цел подобро да ги услужат граѓаните.

По барањето на граѓаните да се достават опомени пред исклучување на Интернетот, Илиев рече дека не можат секогаш да се потпрат на поштата, а јавувањата на телефон биле прескапи и не се ефективни секогаш, бидејќи не можат секогаш да се добијат претплатниците. На идејата да го прават тоа по и-мејл, тој одговори оти граѓаните воопшто не ги користат мејловите што им ги даваат од „Телекабел“ при склучувањето на договорот, но дека ќе размислат за таквата опција.


#
Статијата е прочитана 2047 пати.

Испрати коментар

Од: Изнервиран
Датум: 27.11.2009 01:38:31
Телекабел стана тотално неподнослив. Не сум сигурен што подразбираат луѓето под тековно ги решаваат проблемите. Со денови се случува да има 10 минути интернет па да го нема сат време, па пак да го има 10 минути па да го нема два сати.
Од: корисник
Датум: 27.11.2009 08:21:17
Во последно време не само интернетот туку и квалитет на ТВ сигналот е катастрофален. Иако имаат најпопуларни цени на голема мисла сум да ги сменам. Техничката служба не може да се добие, “шалтерушите“ им се крајно безобразни , некултурни па ако сакате и неделовни. И што е најтрагично јас треба да мислам кога да им платам во нивните пунктови. Значи никој не дава никакви сметки или потсетувања за наплата, како сите нормални фирми. Зошто да не можам да платам во банка, пошта или тоа што во поново време се почесто се применува, преку интернет банкарсво. Па интернтот меѓу другото треба да ни го олесни животот зар не?
Од: Aerodrom
Датум: 27.11.2009 09:02:45
Telekabel se se poloshi. I internetot i kabelskata TV im se od den na den se poloshi. Namesto podobri kanali da ima toa sekoj den e se polosho. Isto taka ste vo pravo za naplatnata sobicka vo Aerodrom i za tehnickata podrska, isto katastrofa.Ako prodolzat vaka ja se prebacuvam na Max3 ili One. Se nadevam deka ke go procita ova nekoj od rakovodstvoto na Telekabel.
Од: Chainsaw
Датум: 27.11.2009 09:17:53
Realno gledano, telekabel e neprofesionalna firma (ko da kazav neshto novo), edinstveno se probi poradu eftinite ceni. No kako i sekoja druga makedonska firma bez dolgorochen plan, i telekabel se odnesuvaat isto, maksimalen profit so minimum investicii. I normalno tuka strada kvalitetot. Konkurencijata ke si go napravi svoeto.
Од: smesko
Датум: 27.11.2009 09:54:52
Najdobro e da se ukine internetot na Kabelskite operatori pa ovoj bos narod pak da si plaka po 3000 den za internet televizija i ne znam sto. Pak pocna hajka sega pak od Telekom Slovenija. A za graganite samo stap kako T - Mobile i Slovenija telekom.Pa neli gledata vo cel svet koj gi vrsi tie uslugi a ne mobilnite operatori.
Од: petar
Датум: 27.11.2009 10:19:40
a da mi kazete alternativa mozebi noviot brend a, so stariot i dobro poznat ON NEET kade nad pola korisnici maka macat so duplite (a nekade i trodupli) mesecni smetki poradi katastrofalniot sistem za zastita. Ma se e gola voda vo nase Sk
Од: kapistec
Датум: 27.11.2009 10:32:06
Zanikade internetot, slika slaba.. Za tehnickata podrska da ne pravime moabet non stop im se krenati telefonite ic ne im e gajle sto se desava so korisnicite. Inkasatoro nikogas ne prosol da mu platam a internetot odma ti go isklucuvaat zaklucok Telekabel ne e vise telekabel... so vakva politika ke propadnat za kratko vreme.... p.s a brojcanikot z a ostvaren transver krade krade na veliko... Srekno telekabel a jas ve napustam za stalno....
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.11.2009 11:01:26
Да! Интернетот на Телекабел беше во постојан прекин неколку денови (понеделник до среда) зависам од интернетот, но трагично е што во Македонија нема подобра алтернатива! Дури и текстот е со закаснување! Немар и Негрижа за корисниците ќе најдете и кај Големи компании, од типот CableTel, Т-Home, OnNet и др., но и кај ЕВН, кој ја исклучува струјата без предупредување, МТВ е во состојба на Кома, емисиите трули, како и лентите и вработените (а бараат наплата),МВР телефони за закажување не работат, Клиниките - ни се болни... Ова само ја Отсликува состојбата на аљкавост и неспособност, продуцирана од вработувањата по пат на квалитетни Врски и Партиски Книшки!

Најди! во Утрински
Економија
За три години треба да никнат 23 мали хидроцентрали
На Интернет сурфаат 52 процента од Македонците
Производството пониско за 8,7 отсто
Владата ќе се задолжи со 56 милиони евра за денационализација
Втора конференција на „ПР Македонија 09“ во декември
Со над 10 милиони денари лани, индиректно се поддржало земјоделството
ЕК одби да ја коментира оцената на Дојче банк за Грција
Ќе понуди квалитет, но не и пониски цени
Разговорите за името ја разбудија Берзата
Можна е криза во 2010 година