Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Македонија и утре ќе биде под влијание на серија влажни воздушни маси што донесоа облачно време со повремен дожд. Метеоролозите предупредуваат дека на одделни места ќе има и пообилни врнежи, а локално е можно да наврнат и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Врнежите ќе бидат проследени со ретка појава на грмежи и засилен ветер.
Од петок времето ќе биде стабилно и суво, но викендов со мошне ниски утрински температури кои на места ќе бидат и негативни, од минус 3 до 3 степени.
„Денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, а утринските температури ќе бидат помеѓу 11 и 15 степени. Во текот на денот ќе се искачат до 19 степени. Во Скопје ќе дува и слаб ветер од северен правец. Од утре облачноста ќе се намали, а веќе в петок ќе биде стабилно и суво, но со пониски утрински температури“, вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар.
И во понеделник и вторник идната недела ќе биде студено, а во некои места температурите ќе се спуштат на минус еден степен. Ќе има температурни разлики, а максималните дневни ќе достигнат 19 степени. (Сн.К.) |