„Сестрата на Зигмунд Фројд“, роман на писателот Гоце Смилевски е добитник на наградата за литература на Европската унија, соопшти Здружението за уметност и култура „Дијалог“.
Високото признание на Смилевски што ЕУ го доделува во соработка со Европската федерација на издавачи, ќе му биде врачено на 18. ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел.