Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вчеравечер беше отворен 13. меѓународен фестивал „Денови на комедијата“. Отворањато на фестивалот ~ припадна на претставата „2012 - Последните Македонци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје.
Организаторот на фестивалот се надева на добар одзив од публиката, бидејќи „сите претстави се квалитетни и заслужуваат внимание“.