Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Титовите зборови ќе се вратат на ѕидот на Музејот

Ѕидот моментално се санира за да се обезбеди простор за чување вреден археолошки материјал од Скупи

Сања Наумовска


Градежните работи на Музејот на Скопје, по еднодневен застој, вчера продолжија. Откако директорот на Музејот, Јован Шурбановски, вети дека панелите на кои е испишана пораката на солидарноста на Јосип Броз Тито, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе бидат вратени на место, санацијата на ѕидот продолжи без проблеми. Сега се расчистува ѓубре и градежен шут на местото на кое треба да се направат нови простории кои ќе служат како депо.

Музејот на Скопје, кој функционира во специфични услови во Старата железничка станица има хроничен недостаток на простор. Особено недостасуваат депоа каде што би се чувале вредните експонати. Со градежниот зафат ќе се уреди просторот над големата сала, кој е затворен, всушност, само со дрвените панели. Во иднина тој ќе биде уреден, ќе се постават монтажни платформи и тука ќе се чуваат материјали од Скупи.

„Тоа горе сега е гулабарник од кој се шири страшна реа, а веќе почна и да прокапува, бидејќи дрвените панели не се никаква заштита. Санацијата е неопходна за да се заштити просторот, но и да се направи дополнително место за експонатите, оти во последно време имаме сериозен притисок од археолошки матери��ал кој немаме каде да го сместиме“, вели Шурбановски.

Тој нагласува дека со санацијата не се прави зафат, ниту каква било измена во фасадата на објектот. Тоа се однесува и на панелите со пораката на Тито, која по завршувањето на градежните работи, за три месеци ќе биде вратена на истото место. Шурбановски вели дека со проектот што го изведува градежната фирма „Континентал“ се запознаени сите надлежни институции, бидејќи се работи на објект кој е заштитен, а на градилиштето постојано е присутен и надзор.

Конзерваторско одобрение од Градскиот конзерваторски центар Музејот не побарал. Според директорката на Центарот, Ема Петрова, тоа е потребно доколку се урива, малтерисува, доградува или се прави некој друг сериозен зафат на ѕидот. За санација или за чистење, дозвола не се дава!

Почетокот на реконструкцијата, која ја финансира Градот Скопје со три милиони денари, беше обележан со протест на Титовите леви сили пред два дена. Повеќе приврзаници на партијата, заедно со лидерот Слободан Угриновски, не дозволија да се тргне пораката на Тито, откако пред ѕидот ја поставија бистата на маршалот, која стои пред седиштето на нивната партија. Тие со жив ѕид и транспаренти ги спречија работниците да се приближат до Титовата порака.

Буквите од пораката на Тито, со која еден ден по земјотресот во 1963 година, на 27 јули, ветува дека повторно ќе го обнови Скопје заедно со помошта од сите страни од светот, беа тргнати во 2000 година. Пораката и понатаму остана видлива благодарение на трагите од употребеното лепило за буквите. Дали на ѕидот и по санацијата ќе се вратат истите панели, или ќе се реализира една од идеите наместо нив пораката да стои на бронзена плоча, останува да видиме.

Не се знае каде се буквите

Не се знае каде се буквите од пораката на Тито испишана на ѕидот на некогашната Железничка станица. Беа извaдени пред десет години и оттогаш им се губи секаква трага. Сигурно е дека не се чуваат во депоата на Музејот на Скопје, а одговорните во оваа институција немаат информација каде се наоѓаат буквите сега.

 


#
Статијата е прочитана 1037 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 06.10.2010 14:20:22
Vaka ja gledam rabotava: Jas pravam nesto dobro vo Skopje,go cistam gubreto i namesto gubreto,pravam parkovi,zgradi i taka nataka. I posle toa ,doagaat nekakvi retardirani idioti i me napagaat i me okrivuvat za se sto sum napravil dobro!!Makedonija i "Makedoncite" imaat mnogu "dolgovi" sprema Tito,na koi ne mozat nikogas da se oddolzat.Kakvi Centovci,Delcevi i red drugi nacisticki gubrinja,sverceri vo svoe vreme i prevaranti koi denes gi slavat "makedonskite"primitivni nacisti so ogranicen mozok.Ne sum komunist,ne sum no VMRO-ovec,tuku najobicen covek koj ja zboruva vistinata za Makedonija i za najgolemiot Makedonec -TITO
Од: od nas za nas
Датум: 06.10.2010 14:42:38
Josip Broz Tito bese golem covek. Sramota e sto na prvo mesto se trgnaa bukvite. Sepak bese toa poraka za naseto Skopje. Treba da se vratat bukvite i mesto da se pluka na trcanje bez razmisluvanje po covek koj dodeka ziveevme pod negova zakrila, ziveevme dobro, treba da go ispostuvame negovoto delo i da ja socuvame vrednosta na minatoto. Kamo da se pojavi nekoj nov Tito sega, sonce da ne ogree...
Од: od mene
Датум: 07.10.2010 09:41:01
E pa rasprasajte se vo 2000 godina koj VMRO-vec gi trgnal bukvite i kade gi prodal. Bar ova ne e delo na BC... ili gresam? pozdrav do posledniot nenacisticki vesnik!
Од: sime
Датум: 07.10.2010 10:28:24
Tito bese i ke bide figura koja majka ne go ragja ni za 1000 godini.Go pocituvase cel svet i istok i zapad,napravi jaka drzava koja samite ja rasturive,a sega poedinci velat diktator bil,nasradale nekooi.A kolku ziveeja dobro ppocituvani vo celiot svet so negoviot aftoriteet.Tocno najgolemiot makedonec koj ni dade drzava.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Бизарна смрт на крадец во трафика
Духовници или портпароли?
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Заслуги, заслуги...
Коњановски бара прием во НАТО со референцата
Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Лихварство со тапија!
Наградата „Франк Манинг“ стана семеен успех
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
Секој втор Македонец користи интернет
Моралната криза во Америка
Сексуално активна и во деветтата деценија од животот
Идентификувано момчето што загина во трафика
Карикатура
Куманово ужива во Денови на комедијата
Стил
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe