Турција ќе лансира сателит во вселената
За две години, Турција планира да го лансира својот прв разузнавачки сателит во вселената, објави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Сателитот ќе чини 250 милиони евра и ќе може да следи објекти помали од еден квадратен метар. Сателитот ќе биде користен за следење на трговијата со дрога, како и на нелегалниот пренос на лица преку турска територија. Освен тоа, Турција се надева дека ќе ја намали зависноста од САД во операциите против курдските бунтовници. |