Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Духовници или портпароли?

Билјана Јовановска

Македонските великодостојници со години почесто ќе ги слушнете да говорат за политички прашања, застануваат зад овој или оној потег на Владата, со кој, по дефиниција, црквите не се занимаваат, а многу малку се осврнуваат на теми што се од витално значење за институцијата со која раководат. Во Република Македонија, која е секуларна држава, што значи дека Црквата е одвоена од држава, стана вообичаена практика владиците да се ставаат во улога на владини портпароли и да излегуваат со политички ставови. Парадоксално, ама да не носат мантии, многу лесно би помислиле дека слушате изјава на член на кабинетот на Груевски, а никако на духовник.

Меѓутоа, имаат ли воопшто кредибилитет, па ако сакате и трошка доблест да говорат, на пример, за неменување на името на државата и на црквата? За жал, немаат, бидејќи истите тие владици, кои со години седат во Синодот, многупати влечеле потези и носеле одлуки што не се во согласност со нивните нови заложби.

Врвот на МПЦ пред неколку години тајно, а минатата година и официјално на Црковно-народен собир направи уставни измени на официјалното име - Македонска православна црква. И за да го олеснат признавањето на сопствениот статус и зборот „македонска“ да не им боде премногу очи на нашите негатори, во називот ја ставија додавката Охридска архиепископија.

Оние што сега на секоја молитва го повикуваат народот да не прифати промена на уставното име на државата, пред две години, во пресрет на Самитот на НАТО во Букурешт дадоа амин за компромисното име Република Македонија (Скопје). Но, откако премиерот се пишмани, дел од македонските владици ретерираа и ја свртија плочата. За волја на вистината, Синодот на МПЦ претходно излезе со официјално соопштение во кое бараа во преговорите за името да се води сметка за зачувување на националниот идентитет на Македонците, меѓутоа, во меѓувреме заиграа на други ноти. Да не говориме дека пред десет години повеќето од тогаш осумчлениот Синод, застана зад фамозната Нишка спогодба, која ја потпишаа по разговорите со владиците на Српската православна црква, иако во неа никаде не беше содржано името на нашата Црква. Наводно, тоа бил превид!?

Едно крило во Синодот е свесно дека кога веќе постојат преговори мора да се дојде до некакво компромисно решение, ама, за жал, тие се потивки и не се толку присутни во медиумите како оние навидум „тврдокорните“ што го билдаат сопствениот рејтинг. Притоа забораваат дека и самите стануваат соучесници на една политика што ја води државата во неизвесност и, сакале или не, носат одговорност.

Можеби нивните аплаудирања на потезите на власта до некаде и би ги голтнала јавноста доколку Црквата излезеше со став и за она што токму неа најмногу би требало да ја засега. Иако антиквизацијата директно им удира по словенските корени и им ги сече сите светии заслужни за нејзиното постоење, духовниците не излегоа ниту со збор. Дури имаа свој удел и во случувањата на скопскиот плоштад кога дебелиот крај го извлекоа студентите од Архитектонскиот факултет. Да не говориме за поситни теми за кои владее апсолутен молк.

Поглаварот Стефан ниту другите самопрогласени портпароли не ги слушнавме да се произнесат за катастрофалната положба на сопственото монаштво. Јавна тајна е дека цели монашки заедници од 10 или 15 лица се лекуваат на една книшка и се препуштени на добрата волја на лекарите, кои замижуваат пред овој факт. Тоа што врвот на Црквата во која служат не мрднал со прст да им уплати здравствено или социјално осигурување, никому ништо. Ги живеат благоудопствата што им ги дава позиционираноста во МПЦ и малку ги засегаат секојдневните проблеми на монасите. Некои забележуваат оти ваквиот однос се должи, главно, на фактот дека најголемиот дел од епископатот нема монашко искуство и оттаму не ги споделуваат нивните маки. Истото се однесува и на паствата, поточно на се' понагласената сиромаштија во која тонеме, а за која повеќето владици не покажуваат никаков слух. Зошто? Па, нека одговорат.


#
Статијата е прочитана 1245 пати.

Испрати коментар

Од: mihajlo
Датум: 06.10.2010 12:47:41
Napisov vo golema merka ja otslikuva sostojbata vo "vozdovite" koi ja rakovodat MPC.Jas sum vernik,no posebno vrvot na crkvata ne go pocituvam.Mojot odnos,posebno kon vrvot proizleguva od negoviot odnos,posebno vo poslednata dekada.Denes,tie kako i del na drzavniot vrv zaboravija na ovicnoto"pucanstvo" i zaboravija deka TIE se poslanici na Boga.Istite tie se vratija na NIVNATA maksima za odnosot kon narodot. " Slusaj sto Ti zboruvam,no ne pravi sto jas go pravam". Vo odnos na konkretnoto prasanje za naseto ime,vo kolku e toa mislenje na konkretnata licnost,jas go prifacam,no ako toa e stav na crkvata za toa mora da bide prasan i narodot,cii "slugi" se lidjeto vo mantiite.Za zal seto sto vrvot na crkvata sekojdnevno go pravi,so svoite djipovi so temni stakla,poopasni se od vladiniot vrv.Mnogu korekcii treba da naptavat za da im prostime.Znaat tie deka narodot nee prost i zatoa neka povedat smetka za nivniot odnos.
Од: Jim Angleton
Датум: 06.10.2010 13:51:44
Vo sekoe razvieno opstestvo, crkvata e oddelena od drzavata. Kaj nas od druga strana vladee teokratija vo senka. Svestenite lica vodat razjareni tolpi kon grupa od 30tina studenti, vozat Porsche-a, preprodavaat hoteli po 2 - 3 pati i maltene funkcioniraat kako Akcionersko drustvo... Epa pocituvani i vie ste lugje i drzavjani na RM, plakajte danok, pa pravete sto sakate...
Од: Трпе
Датум: 06.10.2010 13:55:02
Ова е многу дамнешна,кога попоите во своите семејства говореле,дека многу работи не важат за нив лично.Не гледај што правам јас,слушајте ме што говорам.Свештениците,сами си ја урнисуват верата,откако започна да се бават со матни бизниси и политика.Политиката и служи како параван за криење на нивните нечесни дела.Но сепак народот ако не им верува на свештениците,барем си останува верен на бога.
Од: goran
Датум: 06.10.2010 15:01:52
Klerofashizam vladee vo Makedonija.
Од: od citatel
Датум: 06.10.2010 15:14:06
Ovoj G-din Stefan od koga dojde na celo na MPC crkvata ja izgubi svojata cest i dostoinstvo. No ne e samo toj vinoven vinovni se i tie okolu nego koi mu aminuvaat. Nie vernicite se poveke odime vo svetite htramovi togas koga vo crkvite ne se odrzuvaat sluzbi zaradi toa sto nemozeme da gi slusame lagite koi gi prepovedaat svestenite lica, a od druga strana pravat takvi nevideni gnasurii. Pravoslavieti i verata vo Makedonija se odrzuva blagodarenie na narodot a ne na crkovnite celnici. Tie ne se omileni kaj narodot. A fakt e deka nie sme daleku od demokratija i slobodata na mislata bidejki ova vreme e sopstvenost na Gruevizmot.
Од: valerija
Датум: 06.10.2010 15:46:03
sto da se ocekuva od nekoj na koj mu e udobno da si se vozi vo BMW ili mercedes dodeka lugeto prevrtuvaat kontejneri kako ne im e sram pa sega i politicari ke se pravat.
Од: Brian, Canada
Датум: 06.10.2010 18:24:04
Kako na vi e sram, vo koj sistem ziveete. Pravoto na govor i misla e neprikosnoveno. Ne sme vo SFRJ, nema veke ednoumie, ili sa cas vremeto zastanalo. Imame parlamentarna demokratija kade vladee partijata so najmnogu dobieni glasovi. Crkvata nema nikakva politicka mok.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.10.2010 18:33:08
Пандемијава на замена тези станува хронична болест како кај,,независните,,медиуми, опозиција па се до тукашниве коментатори.Никој несака да свати да тука несе работи за моралниот лик на поповите,туку се работи за став против менување на името на државата,од што ќе произлезе менување на името на МПЦ,што е тука спорно.Спорно е по се што некој се осмелил да се спротистави на симулационо-ползечкиот кампус,ништо друго.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 06.10.2010 20:19:25
Прашањето е дали се духовници или дрповници???? Материјалното им е она светото....за срам....
Од: Гуто
Датум: 06.10.2010 21:30:48
„Потивките“ од Синодот, Билјана, имаат став што ви се допаѓа тебе и на опозицијата - промена на името. Демократско право на слободно изразување според вас поповите ќе можат да искажат само кога ќе ја соблечат мантијата. Значи тие не се поасебна категорија граѓани или не се граѓани, како онаа изрека во вицеви: Си биле еден човек, еден поп и еден полицаец. Човекот е граѓанин а другите двајца?
Од: aj pak jas
Датум: 06.10.2010 23:14:15
E Felix si ja odrabotuvas dnevnicata po vesnicive ,najverojatno dolzis nesto na ovcarot. Ubavo od tebe to si lojalen i prodolzuvas so ismejuvanjeto i plukanjeto po onie koi se mozebi i nekoi tvoi bliski. Zasto mislis deka samo ovie sto go podrzuvaat tvojot ovcar imaat pravo na sloboda na govorot a gi napagjas neistomislenicite. Tvojot ovcar mozese i seuste moze da ja zavrsi ovaa dilema samo ako ednostavno raspise referendum za imeto. So toa bi prestanale i plukanjata i navredite ,zasto togas site nie bi bile od ista strana pa bilo koj da pobedi vo referendumot.
Од: Makedonec
Датум: 07.10.2010 01:57:16
Grevota i stramota e toa {to se pi{uva se gleda deka mediumite se vo slu`ba na edna politika,potocno na edna partija koja ne bira sredstva za da ja dobie vlasta, duri i da se obezlicime samo za nekoja” Evropa”, koja na se, i na sesto, duri i na vozduhot ce stavi taksa. Evropa ne bara nacia taa brara izvor na prihod –intere. Duhovnicite od MPC ako ne ja branat nacijata identitetot, verata, kulturata i se sto e makedonsko koj ce go brani? Politicarot koj kako soncogled go menuva stavot za da ne ja izgubi foteljata. Samo crkvata ni ostana, ako taa se obezlici se izbrisavme od kartata na naciite I od vekovnoto bibliski ime Makedonija –Pravoslavna.
Од: Djole, Avstralija
Датум: 07.10.2010 03:39:07
Do: Felix Citam mnogu makedonski vesnici, i toa gi citam sekoj den - megju niv i Utrinski. Koga ke pominam niz nekolku rubriki i napisite sto ke gi procitam, obicno gi citam i komentarite, i ne mozam a da ne primetam deka Vasite komentari se sekogas prisutni i, voglavno, ja poddrzuvaat politikata na vladata. Ponekogas Vasite komentari se, za zal ova vazi i za mnogu drugi sto komentiraat, niski i nedolicni za eden normalno vospitan covek. Toa sto me vcudoviduva e BROJOT na Vasite komentari, pa ispagja deka Vie nemate druga rabota osven da pisuvate vakvi nesta, sto ponatamu ne upatuva deka najverojatno toa E vasata rabota, i toa dobro platena. Znaci, kako platenik ili bezrabotnik, sto ve razlikuva Vas od site predavnici, opozicija ili ostanati "nepodobni"? Za vakvite kako Vas ima poseben izraz vo svetot na internetot - "troll", ili onoj koj sto namerno prakja "potpaluvacki" ili negativni komentari samo za da ja "zamati" diskusijata.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Бизарна смрт на крадец во трафика
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Заслуги, заслуги...
Коњановски бара прием во НАТО со референцата
Титовите зборови ќе се вратат на ѕидот на Музејот
Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Лихварство со тапија!
Наградата „Франк Манинг“ стана семеен успех
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
Секој втор Македонец користи интернет
Моралната криза во Америка
Сексуално активна и во деветтата деценија од животот
Идентификувано момчето што загина во трафика
Карикатура
Куманово ужива во Денови на комедијата
Стил
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe