Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Поглед

Заслуги, заслуги...

Нина Нинеска-Фиданоска


Можеби ако денес нагло огрее сонце, ако некако успее да се избори со овие здодевни и влажни облаци што деновиве добро се потрудија да ни го расипат расположението, и за тоа ќе бидат заслужни премиерот Никола Груевски и тимот министри кои неуморно се грижат за доброто на народот! Затоа што оваа власт едноставно мора да си ги припише сите фини работи што ни се случиле или што ќе следуваат во иднина. А за лошите, е за тоа постојано има некои други дежурни виновници, олицетворени или во злобните соседи, или во светската економска криза или, пак, во оние неразбрани новинари, кои не мислат на ништо друго освен да го оцрнат владиниот кабинет.

Така, деновиве дознавме дека фактот што од идната година во земјава ќе влегуваат без царина автомобили и други производи од Европската унија, бил благодарение исклучиво на актуелниве власти. Така барем вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески „мртов“ сериозен ја извести македонската јавност. Тој сосема комотно соопшти оти Владата била охрабрена од успехот на мерката за увоз на евтини стари коли, па решила и во 2011 година да продолжи со намалување на царината, односно да воведе нула стапка царина за увозот на возила од ЕУ! Каква дрскост и потценување на јавноста. Па, од нас има и не��ои со сеќавање малку подолго од ерата на преродбата, кои паметат дека царините се снижуваат постепено секоја година како резултат на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ потпишана во 2001 година. А и Груевски и Ставрески тоа добро го знаат, бидејќи во тоа време едниот беше министер за финансии, а другиот негова десна рака. Зошто тогаш беа потребни вакви несреќни обиди да се припишат ситни поени, кога вистината секогаш излегува на виделина?


#
Статијата е прочитана 1308 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 06.10.2010 12:19:48
Vistinata e kako shilo....v'ti, v'ti i je izueze na pov'ushinata.....
Од: вераг
Датум: 06.10.2010 12:39:20
КАкви бесрамни лаги и потценување на интелигенцијата на сопствениот народ!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.10.2010 12:57:39
Ах!Се мислам што би правеле тие без таквите подлости и ситни поени!Како поинаку би изгледале поголеми,во очите на наивците,ако не се замислуваат себеси како од нив да настанал светот?Затоа можеби и ги бараат сопствените корени токму во прапочетокот на Светот и во постоењето на (пра)Македонската амеба!
Од: ivona
Датум: 07.10.2010 09:02:46
pa samo taka sakaat da go pravat narodot nedoveten i zaboraven ,a dobro znaat dek a taka samite se pravat prvo smesni,a vo isto vreme kolku tie ne se za da bidat vlast i sekojdnevno da go lazat svojot narod onoj istiot kakov-takov sto gi donese na vlast,samo veke nema da im projde gi procitaa site ,lozari mlekari,braniteli,stecajci,socijalci,invalidi ,i site koi gi glasale .

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Бизарна смрт на крадец во трафика
Духовници или портпароли?
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Коњановски бара прием во НАТО со референцата
Титовите зборови ќе се вратат на ѕидот на Музејот
Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Лихварство со тапија!
Наградата „Франк Манинг“ стана семеен успех
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
Секој втор Македонец користи интернет
Моралната криза во Америка
Сексуално активна и во деветтата деценија од животот
Идентификувано момчето што загина во трафика
Карикатура
Куманово ужива во Денови на комедијата
Стил
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe