Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Коњановски бара прием во НАТО со референцата

Никој не може да каже дека има застој во реформите, изјави министерот по средбата со Роберт Гејтс во Вашингтон

За САД нема дилеми: тие ја почитуваат, ја ценат и ја вреднуваат Македонија и и' даваат силна поддршка за влез во НАТО, изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски по синоќешната средба во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Коњановски го скрши мразот во односите со САД, како прв македонски функционер кој доби официјална средба со висок претставник во Вашингтон.

Пораката што ја пренел Гејтс е дека се вреднуваат и се препознаваат реформите што ги прави Македонија и придонесот што македонските војници го даваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

„Нема дополнителни забелешки во однос на членството на Македонија во НАТО. Од наша страна беше посочено дека Македонија го бара заслуженото, да се вреднуваат реформите и што поскоро да биде дел од Алијансата“, рече министерот.

Според него, реформите се завршени и не постои членка на Алијансата, која може да каже дека не е така и оти има застој, но дека останува непринципиелното отворено прашање за спорот со името со Грција. Решение за влез на Македонија во НАТО, смета тој, би можело да биде земјата да стане членка на Алијансата под привремената референца, бидејќи никој не може да гарантира дека за една или две години спорот ќе биде решен.

На средбата со секретарот за одбрана, Гејтс, на која присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, адмирал Мајкл Мулен, станало збор и за соработката што Македонија ја имаше со САД во минатото, за актуелната состојба во Авганистан и за напорите што се прават од здружената коалиција да се среди состојбата во земјата, како и за идните планови за соработка меѓу двете министерства и армиите.

Исто така, Коњановски се сретна и со сенаторот Џон Мекејн, кандидат на Републиканската партија на последните претседателски избори во САД. На средбата станало збор за состојбата во Македонија и во регионот, како и за заедничките американско-македонски предизвици. Претходно Коњановски имаше работен ручек со претставници на неколку американски тинк-тенкови.

Македонскиот министер за одбрана денеска ќе има обраќање пред Стратешката сесија на Атланскиот совет, по што ќе оствари средби со помошникот на државниот секретар во Бирото за воено-политички прашања на Стејт департмент, Андрју Шапиро, како и со сенаторот Патрик Леахи, кој ја поднесе најновата резолуција за Македонија до Сенатот, и со конгресменот Роберт Адерхолт, еден од потписниците на писмото до претседателот Барак Обама, Македонија да биде примена во НАТО на Самитот во Лисабон. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1054 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 06.10.2010 12:47:24
Сте го испуштиле и она: Додека жена му шеташе по големите шопинг-центри...Токму вчера генералниот секретар на НАТО сосем јасно се искажа за Неможноста за прием под референцата ФИРОМ!Интересно е што портокаловата дипломатија,до вчера,обвинуваше друг за носењето на Референцата во меѓународните институции,иако секогаш настапуваат под неа,а од денес се залагаат да нè примат под истата,во ЕУ и НАТО.Какви Лицемери се!Силни на домашен терен,помали од зрно надвор од земјава!Гледам и министеров ги заборавил лубениците дома,или му испаднале,но продолжува да си ги носи под мишка.Само да не му скапат!
Од: Референцмајстор
Датум: 06.10.2010 12:49:08
А, сега може со референцата!? Сега, ќе ги исфрлат ли спотовите за сатанизирање на оние кои ја прифатија? А, што со поддржувачите на ВМРО, оние од сферата на професори, аналитичари, новинари, со еден збор, булументата на плукачи на СДСМ?! Дали и тие ќе признаат, јавно, дека јаделе трици?
Од: Amabsador i pravnik
Датум: 06.10.2010 13:01:27
Sram da mu e na Konjanovski! Kako mozhe da bara zaclenuvanjeto so navreduvachkata referenca BJRM! Na pogrshna strana se bara reshenieto za problemot so imeto! Edinstven nachin e da se odi na Megunarodniot sud , preku Generalnoto Sobranie na ON (kako Srbija), i da se pobara Sovetodavnoto mislenje za legalitet na (nelegalnata) referenca BJRM i obvrskata (isto nelegalna) za pregovorite za svojeto ustavno ime, (so druga drzava koja ne go priznava)!! Se drugo e pokazhuvanje nemok i neznaenje. Sega koga imame 129 zemji pod model RM, a odlukite se donesuvaat so prosto mnozinstvo vo Sobranieto na ON, mora da se trgne vo akcija!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 06.10.2010 13:22:49
Badijala patni troskovi;a pozicijata na MK vo svetot nikako da se podobri;naprotiv se raduvame na priznavanja pod ustavnoto ime od strana na Drzavi,koi se osomniceni za potiknuvanje terorizam.Da ja gledame trezveno rabotata:Grcite imat jako lobi vo svetot,bilo toa vo SAD ili UN,vo EU i NATO,kade se i clenka.Od toj aspekt vo najmala raka ne sum ni siguren dali pred sudot vo Hag ke izvojuvame pobeda.I Srbite mislea taka za Kosovo,pa na kraj si go "iskrkaa stapot".Sto ne e i zacuduvacki,ako se znae deka sudiite se na platniot spisok na UN i so toa na SAD,Francija,Germanija i GB;clenki na NATO odnosno EU,pa taka sojuznici na GR.Licno sum alergicen na grckite uceni,no trezven pristap vo sporot so GR bi pomagal,cenata za "razumen kompromis" da bide sto pomala.Ama kako sto idat rabotite,tesko na MK so takva nenarodna vlada i konfuzna i bezidejna opozicija.Zatoa ne ni se krivi ni EU,ni NATO,ni SAD.Najdobro bi bilo otkazuvanje od antikvizacijata i preimenuvanje vo "Nova MK" za sevkupna upotreba
Од: Феличита
Датум: 06.10.2010 13:38:23
Некој се среќава со бивши претседатели,некои со бивши кандидати за претседатели.А да пробаше да се сретне со некој конгресмен од оние 435 што не не подржуваат,овие 19 си го кажаа своето!
Од: b
Датум: 06.10.2010 15:52:13
Нема човек во светот кому не му е јасно како може да влеземе во НАТО и кој е условот за преговори. се разбира, сем на оние кои несакаат да влеземе во овие институции. Оваа т.н. дипломатска офанзива на нашава елита е замајување на мали, недоквакани деца.
Од: xxL from Prilep
Датум: 06.10.2010 16:34:28
abe ovaj od mars da ne e padnat? pa site im velat deka dodeka ne se resi imeto ne dosaduvajte bre. Grujo fati se za rabota i zavrsi gi pregovorite so grcite,inace gotovi sme bre,ekonomski kapituliravme,blagodarenie na tebe i tvojata familija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.10.2010 17:52:34
b тврди да сите ја знаат цената за влез во НЕТО и ЕУ,но заборавете на мислењето на сопствениот народ кон цената што треба да ја плати за таков влез.Никако да сватите да најважно е домашното мислење отколку симулационото-ползечко трудење за унередување пред странците.Тука се добиваат и губат избори,тоа барем ви е јасно.Па нели имате горко искуство.Инаку несум ни за ФИРОМ ако е erga omnes.
Од: Trpko
Датум: 06.10.2010 18:14:30
jasno e deka i prefiksot Fyr e geografski i najtočno ja prikažuva teritorijata a i sledot na nastanuvanje na državata...jasno e deka Grcija ke bara novi uslovi za da spreči vleguvanje vo NATO i EU. Ednostavno poradi toa što Grcija si ja ima muvata, t.e. taa ne priznava malcinstva. Ako i Makedonija vleze vo NATO, kade veke e Albanija, ke ima uste pogolem pritisok po prašanje na malcinstvata vo Grcija. Turcija po toj osnov ne pritiska za turskoto malcinstvo bidejki vo Turcija ima pogolemo grčko malcinstvo, no kaj Albanija ima samo malo grčko malcinstvo, a vo Makedonija (barem zasega) nema grčko malcinstvo. Zatoa grčkiot plan e baranje se ponerazumni ostapki, a se so cel za rasturanje na Makedonija kako država. No dali nam ni e neophodno polnopravno členstvo vo NATO i EU ?? Vremeto raboti protiv Grcija, taa sekoj mesec vleguva so dodatni 5 MRD $ nov dolg, pa ke potpaća pod vlijanie na Kina, no toa brgu ke naide na otpor vo EU... znači, da bideme strplivi i da sočekame,..
Од: karokan "gambit"
Датум: 06.10.2010 18:40:51
Kako g-dine b "nema covek vo svetot komu ne mu e jasno kako mozeme da vlezeme vo NATO i koj e uslovot za pregovori"???????????????????? Pa ete i samiot gledas na Ministerot za odbrana ne mu e jasno !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Boze' so kakvi niski podlosti se slizat !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: sv dimitrija
Датум: 07.10.2010 07:49:51
Ne skokajte komunjarchina .Vie i go smenavte imeto na zemjataa vo FIROM-odnosno vashite milenici a sega samo napagate .Imeto Makedonija ke ostani za Uvek a dali Makedonija ke vlezi vo Eu i NATO toa e druga rabota.
Од: bobi
Датум: 07.10.2010 11:13:30
Cudno e kolku se ispotepaa da ne vnesat pod referencata BJRM.Dali im e toa vo programata vo 100 cekori.Se menuvaat lugeto .Vreskacite na BJRM sega se najgolemi podrzuvaci na referencata.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Бизарна смрт на крадец во трафика
Духовници или портпароли?
Од помошта на ЕУ се користат трошки
Пандев не се повлекува, бара поддршка од навивачите
Заслуги, заслуги...
Титовите зборови ќе се вратат на ѕидот на Музејот
Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Лихварство со тапија!
Наградата „Франк Манинг“ стана семеен успех
На барабан „Кимико“, „Фламенго“... поради невратени кредити
Секој втор Македонец користи интернет
Моралната криза во Америка
Сексуално активна и во деветтата деценија од животот
Идентификувано момчето што загина во трафика
Карикатура
Куманово ужива во Денови на комедијата
Стил
Турција за две години ќе лансира сателит во вселената
Гоце Смилевски доби награда за литература од ЕУ
Пет милиони евра вреден грабеж во БиХ






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe