Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција


Од погребот на 15-годишниот ученик Александрос Григоропулос

Остри реакции и критики во британските медиуми за „новата грчка реалност“

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Британските медиуми кои Грција досега ја гледаа само како античка колепка и земја во која се оди на одмор и летување, сега ја прикажуваат од нејзината темна страна, откривајќи дека новооткриената реалност на оваа земја од југот на Европската унија е исполнета со длабока општествена криза и големо незадоволство на најшироките маси. Демонстрациите, воинствените судирања на гневните студенти, анархисти и ученици со полицијата во Атина и во Солун, но и во уште десетина други града, за кои се вели дека во некои никогаш немало нереди, вклучувајќи и некои од островите, покажаа дека зад револтот поради убиството на еден 15-годишен ученик од страна на полицијата, се крие и гневот на поголемиот дел од тамошната јавност од она што е денес Грција. Таа е земја со која „лошо се управува, а Грците покажуваат дека не сакаат да живеат во неа“, пишува „Фајненшел тајмс“, барајќи од владата во Атина веднаш да се врати на реформскиот курс, по кој таа се движеше во времето на приближувањето кон Европската унија (во тоа време ЕЕЗ), или кога се подготвуваше за влез во еврозоната. Реформите, велат лондонските весници, треба да почнат од „лошо обучените и многу често корумпираните грчки полицајци“, а целосно да се посветат на искоренувањето на корупцијата, која е длабоко вкоренета во многу пори на тамошното општество. Според „Фајненшел тајмс“, доколку атинската влада и овој пат се оглуши на барањата од јавноста и не се посвети на реформирањето и елиминирањето на сето она што не чини во Грција, земјата ризикува да биде престигната од другите држави во регионот, какви што се Бугарија и Романија.

Пролабуристичкиот „Гардијан“ ги предупредува сите земји да внимаваат на се' поголемото и поопасно ширење на јазот меѓу богатите и сиромашните, затоа што грчкиот случај би можел да се појави и на некое друго место, но вели дека во Грција има „многу работи што недостигаат и што придонесуваат насилствата и гневот да бидат такви какви што се изминатите пет денови“, отсликувајќи ја земјата како најслабата алка во еврозоната.

За овој весник, како и за повеќето медиуми, основата во гневот лежи во „изневерените очекувања“ на младата грчка генерација, незадоволна од тоа што економијата во Грција не е способна за отворање нови работни места, не само за високообучените кадри, туку уште повеќе и за нискоквалификуваните работници. Тие што ќе најдат работа, примаат мала плата, а тоа го зголемува и онака широкиот процеп меѓу богатите и сиромашните во тамошното општество. Луѓето, а посебно младите се гневни на грчката влада што ја толерира корупцијата, која, како што изјави еден демонстрант за телевизија Скај, дозволува дивеење на корупцијата, како и насилството на силите на полицијата, која во десетина инциденти со оваа влада уби исто толку и луѓе, а никој не беше земен на одговорност за тоа. Во Грција не им е на сите лошо, а оние кои брзо се богатат, го прават тоа затоа што работат и се поврзани со владата во Атина, вели „Гардијан“. Се вели дека секој кога ќе дојде на власт, сака „да им дрпне на луѓето од џебовите“, па сега партиите се обвинуваат меѓу себе околу тоа кој е виновен, но никогаш не се подготвени да се договорат за решавање на проблемите со кои се соочуваат обичните луѓе.

Сите британски медиуми, меѓутоа, се изненадени од степенот на насилството, кое, иако е одраз на социјалните состојби во државата, сепак, се објаснува и како дел од историјата на уличните нереди на што треба да се додаде злоупотребата на незадоволството од општите состојби во земјата од страна на разни анархистички групи и силеџиски навивачки групи. Во оваа прилика, се потсетува на разурнувачките нереди од 1985 година, кои се претворија во улична побуна што траеше неколку месеци, како и на вкоренетата омраза на најголемиот дел од луѓето во полицијата, што се тврди дека носи корени од трагичните настани во 1975 година, кога полковничката воена хунта што владееше тогаш со Грција прати тенкови на забарикадираните студенти во атинската Политехника, кои бараа заминување на војниците од власта. Во пукотниците беа убиени 40 луѓе.

Според опширната сторија за Грција на Скај телевизијата, по воспоставената демократија беше внесена одредба во тамошниот Устав со која им е дадена автономија на високите школи и универзитетите, а на властите им е забранет влезот во кругот на високошколските установи. Оттогаш, се смета дека Грција постојано живее меѓу анархијата, што преведена од грчкиот збор анархос значи „без лидери“ и демократијата. Во Лондон се вели дека во оваа земја има едно непишано правило, а тоа дека студентите ќе прават нереди, но тие нема да бидат пресилни, а полицијата нема да ги спречува, а ако го прави тоа, нема да претерува. Правилото целосно пропаѓа секогаш кога ќе биде убиен, како сега, некој од младите. Британската Скај вели дека речиси еднаш на десет години доаѓа до вакви војни на улиците, што сега се надополнети уште и со економската бесперпспективност на земјата и со непопуларноста на владата на премиерот Караманлис. Таа е под силен притисок да падне, но како што велат британските медиуми, Европа од неа очекува да воспостави ред на улиците и стабилност во земјата за да не се случи „дека нема лидери“ што ќе ја одбранат демократијата.


Статијата е прочитана 993 пати.

Испрати коментар

Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 11.12.2008 00:26:09
* Da se bide MUDAR vo pravo vreme pretstavuva devet desetini od mudrosta ! * Theodore ROOSVELT 1858 - 1010 g amerikanski politicar i Pretsedatel na SDA od 1901 - 1909 g .
Од: commanddevil
Датум: 11.12.2008 00:27:03
maskite padnaa ..kako i od evropa -taka i od onie grcki cergari..neka gi gleda svetot koi se oni ..kako vladeat..kako postapuvaat ,,humano,, so demonstrantite...amerikanecot ubavo im go zgotvi ova pred zaminuvanje na bush...dolgo ke se slusa za tie bedni crvi na jugot od makedonija ---egejskata de!
Од: zic
Датум: 11.12.2008 09:08:57
bash mi e kef, treba uste povece da ima neredi ... neka doznae svetot deka se nikavki ludje....
Од: Kicevo
Датум: 11.12.2008 10:15:21
Потполно е иста состојбата кај нас..Нели се што бараат таму народот тоа го немаме ни ние овде,невработеноста,крадење од страна на политичарите...и се друго,па нели и ние сме потомци на Александар Македонски,каде ни е храброста...Да се знае дека народот е државата нека не се занесува никој дека е успешен со тоа што ке набилда пари крадени од државата,може да ги изгуби во еден миг,ама заедно и попратно и со нешто многу поважно од парите....Македонскиот народ исто е обесправен како и грчкиот се надевам дека ке дојде време да се исчисти политичкото миље во МК и ГР,и дека ке дојдат луѓе што е почитуваат и сакаат Македонија...Позз.ПС...која е таа држава во ЕУ која не може да му обезбеди пристоен живот на некој невработен...нека излезат малу политичарите,мада знаат тие само се прават на удрени им одговара.....вратетемиги мои плати заостанати,државна фирма ме покраде,за сега да царуваат лажни патриоти...смрт на предавници и арамии...проклето да им е цело поколение и тие...
Од: profesor
Датум: 11.12.2008 10:46:33
Prvo na ostrovot Krf a sega cela Grcija. CIA ım go zbiberi, pa da vidi toa prase karamanlis komu mu udira veto.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари
Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот
Општество во ќор-сокак