Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк

Илјадници лица маршираа кон парламентот и ја обвинија владата на Караманлис дека е убиец

АТИНА - Демонстрантите вчера фрлаа молотови коктели кон полицијата распоредена пред парламентот за време на генералниот штрајк што ја парализира Грција и го зголеми притисокот врз конзервативната влада која се соочува со најжестоките немири во последниве неколку денцении. „Влада убијци!“ извикуваа демонстрантите, лути поради убиството на тинејџер од страна на полицијата што се случи во саботата, што пак ги предизвика четиридневните насилства поттикнати од бесот кај јавноста кој тлееше поради политичките скандали, зголемената стапка на невработеност и сиромаштијата. Илјадници лица маршираа кон парламентот на синдикалниот протест поради економската и социјалната политика, кои по кратко време станаа насилни. Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите одговорија со фрлање камења, шишиња и употреба на метални прачки. Опозициската Социјалистичка партија соопшти дека владата, која има мнозинство од едно место и заостанува во анкетите, ја загуби довербата кај луѓето и повика на избори. „Учеството во штрајкот е апсолутно, земјата е во застој“, изјави Статис Анестис, портпарол на Федерацијата на синдикати ГСЕЕ, која повика на 24-часовен генерален штрајк. Авионите кои летаа на странски и домашни релации се приземјени, банките и училиштата затворени, а во болниците работи само службата за итна помош, додека стотици илјади Грци ги напуштија работните места.

Синдикатите соопштија дека приватизацијата, зголемувањето на даноците и реформите во пензискиот сектор ги влошија условите, особено за една петтина од Грците кои живеат под границата на сиромаштијата, во време кога глобалната криза и' нанесува штети на економијата во вредност од 240 милијарди евра. „Има барања за промени: социјални, економски и политички промени“, вели Одисеј Коракидис (25), кој работи на две места. „Тука не е невообичаено да се работат две работи за да се заработат 800 или 1.000 евра месечно. Во други земји тоа е несфатливо!“

Премиерот Костас Караманлис, кој дојде на власт благодарение на еуфоријата од Олимписките игри во 2004 година, апелираше до политичките лидери да се обединат и ги повика синдикатите да го откажат собирањето. Меѓутоа, неговото барање беше категорично одбиено од страна на опозицијата. „Тој и неговата влада се одговорни за распространетата криза што ја чувствува земјата, грчкото општество “, изјави портпаролот на Социјалистичката партија, Јоргос Папаконстантину.

Еден полицаец е обвинет за убиство, во врска со престрелката во која Александрос Григоропулос го загуби животот, но беше наведено дека тој само пукал во воздух. Балистичкиот извештај вчера требаше да биде обелоденет, а полицаецот да се појави пред иследниците заедно со неговиот партнер, кој пак е обвинет за соучесништво. Немирите поради смртта на тинејџерот почнаа во Атина во саботата и набрзина се раширија во најмалку 10 града низ државата, членка на ЕУ, со 11 милиони жители. Грците, исто така, протестираа и во Париз, Берлин, Лондон, Хаг и во Кипар. Безредијата, најжестоки во Грција од воената хунта во 1974 година, предизвикаа штета во вредност од повеќе од 20 милиони евра во уништени автомобили, запалени продавници и банки, откриваат осигурителните компании. Само во Атина, официјален претставник на општинските власти изјави дека 322 банки и бизниси биле оштетени, и бројката се' уште се зголемува. „Смртта на момчето е изговор што го запали огнот“, вели Јанис Томас (60), сопственик на продавница. „Денес сме поуплашени од кода и да е поради штрајкот“.

Вчерашниот штрајк огранизиран од страна на ГСЕЕ и синдикатот од јавниот сектор АДЕДИ, во кој членуваат половина од петмилионската работна сила во Грција, е најновиот во серијата работнички протести на синдикатите. Голем број продавници во централниот дел на Атина останаа затворени, со спуштени кепенци, спречувајќи дополнителни штети. Автобуските станици и кантите за отпад беа опожарени, јавните телефонски говорници уништени, а некои згради опустошени од огнот. Грција има традиција на насилни студентски немири и напади со молотови коктели од страна на анархистички групи, кои ги затегнаа тензиите со полицијата. Амнести интернешенел во извештајот од вторникот ја обвини полицијата за бруталност во справувањето со безредијата. Караманлис вети компензација за сопствениците на дуќани, но неговата влада веќе се соочува со голем дефицит. Во четирите години владеење на конзервативците се случија серија скандали, страшни пожари избувнаа минатото лето, а неуспешните економски мерки го збришаа оптимистичкото расположение од Олимписките игри во 2004 година. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 973 пати.

Испрати коментар

Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 11.12.2008 00:16:55
* Zivotot e umetnost na crtanje , vo koja ne mozete da upotrebite guma za brisenje ! * Ingmar BERGMANN svedski teatarski i filmski reziser .
Од: Aleksandar
Датум: 11.12.2008 08:42:51
Kako covek mozam da kazam zal mi e za grckiot narrod sto se slucuva.Im posakuvam pobrzo nadminuvanje na problemite bidejki nikoj ne zasluzuva od narodot da se bori za svoj prava.Ne se sitam nitu mi e vo dusata koga gledam Policija se tepa so svoj narod i narod se tepa so policija.
Од: pusi
Датум: 11.12.2008 08:47:31
zapamte te? paga karamanlis i pobeduva papandreu. imeto ivlez vo eu i nato e zavrsena prikazna. toa e politika na eden ina drug politicar vo dve zemji . istoto se sluci 1968 koga na vlast dojde tatkoto na jorgos. zapamte te dobro!!!!!!!
Од: donco
Датум: 11.12.2008 10:30:40
Premiere Gruevski ne pravi greski okolu imeto na nasata zemja. Jas ne veruvam mnogu vo vas politicarite. Sprema toa sto se slucuva vo Grcija ne ni e nikakva garancija deka nema da se slucuva i kaj nas po vlezot vo EU kade Grcite se naogjaat odamna. So vlezot vo EU ke bide istoriska steta ako gubime identitet,oti stabilnosta EU,kako vo Grcija, ne ja garantira.Turcija ni se ukazuva kako priroden sojuznik, no so toa ne mislam da ja koristime protiv grckiot narod,ami za spas na nasiot narod- makedonskiot.Teoretski sluckite vo Grcija ne se na makedonska steta.Mozebi Karamansli i drugi da omeknat malce.
Од: Бастион
Датум: 11.12.2008 15:25:00
Ова што се случува во Грција ми е гнев против политиката на "Неа Демократија",против финансикото цунами,против стегите на капиталистичкото општествено уредување.Полека но сигурно,Социјалистичката Зора се буди,кај сите луѓе во целиот свет.Веќе преку глава им е од сето ова што се случуваше во последниве неколку децении.Ова што се случува во Грција,а ќе се случува за брзо време и насекаде е Револуција.Да живее Револуцијата!!!
Од: danilo kanada
Датум: 11.12.2008 18:32:08
Mozebi navistina demokratijata e rodena vo Grcija. Sega momentalno e vo umirajne za povtorno da se rodi... Periodot na maki e pred nas...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари
Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот
Општество во ќор-сокак