Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Хрватската телевизија на столбот на срамот


Двете ѕвезди на ХРТВ во судир: Хловерка Новак- Срзиќ и Денис Латин

Латин обвинува дека од ХТВ се прави корумпиран медиум што ja штити мафијата

Тамара Грнчароска

Корумпираност, политичко полтронство, штитење на мафијата, нерационално трошење пари, се дел од обвинувањата кои стигнаа на адреса на Хрватската телевизија - ХТВ, упатени од еден од најпознатите хрватски новинари Денис Латин, авторот на најгледаната емисија на ХТВ „Латиница“.

Хрватската телевизија која го има реномето на најугледна и најпрофесионална државна телевизија во регионот, деновиве го преживува својот „столб на срамот“ откако Латин во едно свое интервју го обвини уредникот на Информативната програма на телевизијата, Хловерка Новак- Срзиќ, дека заедно со нејзините покровители „се обидува ХТВ докрај да ја престори во поданички, корумпиран, цензуриран медиум кој ги штити мафијашите и криминалците, продава телевизиски репортажи за големи пари, тргува со етерот и полни нечиј џеб“.

Клопчето на „професионалноста“ и „независноста“ на телевизијата почна да се тркала пред неколку дена откако градоначалникот на Славонски Брод, Мирко Дуспара, обелодени дека, за своја промоција, платил над 8.000 евра (58.000 куни) градски пари за да настапи во емисиите на ХТВ - „Бришан простор“ и „Отворено“.

Веднаш потоа уследи обвинувањето од Латин кој рече дека Новак- Срзиќ го казнила со намалување од 30 проценти од платата поради тоа што не ја почитувал нејзината забрана и во својата емисија го повикал новинарот на дневниот весник „Јутарњи лист“, Гордан Малиќ, како „експерт“ за мафијата. Шефицата на Информативната програма на телевизијата тоа свое барање го аргументирала со наведување дека Малиќ е „британски шпион“.

Латин го искористи случајот со Дуспара обвинувајќи го првиот човек на ХТВ, Вања Сутлиќ, дека од страв одобрува казнување новинари кои сакаат нормално да работат, а не сака да се занимава со корумпираните новинари и уредници кои продаваат емисии.

Целиот случај, кој по се' изгледа ќе добие и судска разврска, го разниша угледот на ХТВ, но и на Хловерка Новак-Срзиќ, која долги години котира високо со новинарските кругови во Хрватска, но и на која не и' е прв пат да биде, во негативен контекст, поврзувана со одредени политички и други влијателни кругови. Сепак, најголем удар доживеаја хрватските новинари на кои по убиството на новинарот Иво Пуканиќ, кој наводно бил поврзан со мафијата, им е ставена уште една црна дамка врз нивната објективност и професионалност.

Тоа можеби е причината поради која Хрватското здружение на новинари побара аферата за корупција и продажба на програмски простор на државната телевизија, која одекна во медиумскиот простор во регионот, да биде испитана од државното обвинителство и од полицијата, а од управата и програмскиот совет на ХРТ побара да го реши проблемот со цензурата во националната куќа.


Статијата е прочитана 2873 пати.

Испрати коментар

Од: zabegan
Датум: 11.12.2008 09:05:37
sekoja cest za gospodin LATIN sekoj ponedalnik so zadovolstvo ja gleam latinica.neka vidat nasive novinarcina kako se pravi emisia.a ne im se pikat na politicarive vgaci i da kazat nesto ubavo za niv.a koga se vo opozicia istite ne gi poznavat.
Од: Pero
Датум: 11.12.2008 10:14:52
Toa sto za normalni drzavi e skandal, kaj nas e voobicaen nacin na rabota...Gruevski gi ima na platen spisok skoro site mediumi, pa nema duri ni koj da se pobuni...Kaj e nasiot Latin, samo bi zaprasal. Zar tolku sme mentalno ograniceni pa ne mozeme da sfatime deka nema demokratija bez slobodni (koga veke e fakt sto ne postojat sosema nezavisni) mediumi!
Од: ramadan
Датум: 11.12.2008 11:20:45
Denis Latin e renomiran novinar.Negovata emisija ja gledam,sekogas koga za toa ce imam slobodno vreme. Sekogas kani gosti koi ne se optereteni deka slobodnoto iznesuvanje na vistinata,ja pravi emisijata da bide gledana.Smetam deka makedonskite novinari treba da mu dadat podrska.Podrskata e i za iskazuvanje deka slobodnoto novinarstvo zdruzeno moze da opstane.
Од: I nie imame Asovo.
Датум: 11.12.2008 12:23:46
Ako na HTV ima potplateni novinari i urednici , sto da se kaze kaj nas za onie bruki od novinari kakvi sto se Latas i onaj voditel na" Gnasot na narodot" Tomic. Od avion se gleda deka se potplateni za manipulacija na narodot i sirenje na lagi i magli. No za zal nie nemame istaknat novinar so integritet i doblest kako Latin, koj javno i na videlo ce ja iznese seta ovaa bruka i sramota koja vladee vo nasite jasno politicki oboeni vesnici i TV mediumi.
Од: Гледач на ХТВ
Датум: 11.12.2008 13:09:05
Добро е што пишувате за ХТВ, но зошто не пишувате за нашата МТВ, на кое дереџе стана. Зошто не пишувате за досегашните директори на МТВ, вклучувајќи ја и Стошиќка, кои МТВ ја доведоа до петпарачка телевизија, која репризира емисии од пред 15 и повеќе години, на која се прикажуваат полтронски и без никакви вредности емисии, како онаа како се викаше Глас на народот и други. Прво погледни си го сопствениот двор, па после и соседниот. МТВ денес не ја исполнува ниту една од функциите на една јавна ТВ, а тоа се: информативна, образовна и забавна. Забавна има но е сведена на најдолен шунд. Срамота, каде се некогашните имиња на МТВ кои нешто значеа во македонското новинарство, тоа пишувајте го. Е, фала богу што можеме, па наместо МТВ ја гледаме ХТВ, која точно, и покрај внатрешните случувања, е најпрофесионалната ТВ во регионот.
Од: deni
Датум: 11.12.2008 13:27:22
Bravo za G-din Latin Kamo sreca da ima i kaj nas takvi novinari. Neka gledaatnasite novinari i neka ucat od G-din Latin
Од: igor-bt
Датум: 11.12.2008 16:15:06
latin vo sporedba so platenicite latas i tomik???? kako barselona da ja sporedis so lokomotiva!!!
Од: ece
Датум: 11.12.2008 16:17:07
sekoja cest za hrvatskiot novinar i kirilica .luge ne znaete sto nase e dobro pa nasiot novinar Slobodan Tomic se trudi da ni pokaze preku gostite i samiot sto znaci da si makedonec kakva gordost etoa za koprenite na makedoncite ,prvoslavieto daj pratete gi negovite emisii naucete nesto.
Од: objektivna
Датум: 11.12.2008 16:25:00
Ako hrvatskata TV e na stolbot na stramot neznam sto da kazam za nasata makedonska TV sto ne ja zatvorat koga nemat novinari ni za edna provinciska tv stanica samo trubat toa sto i odgovara na vlasta i reklami ,toj Tomic koga ke go vidam stomakot mi se obraka,pa neli televizijata e covek pravilno da se informira ,da nauci nesto i.t.n.a ne da se iznervira i da go smeni kanalot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари
Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот
Општество во ќор-сокак