Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година

Дијагнозите на рак во светот се зголемуваат и годинава ќе достигнат бројка од 12 милиони

АТЛАНТА - Ракот ќе го преземе местото на срцевите болести како главен убиец во светот до 2010 година, како дел од трендот што до 2030 година ќе ги зголеми глобалните канцерогени заболувања и смртни случаи повеќе од двојно, истакнуваат меѓународни здравствени експерти во извештајот објавен во вторникот.

Се верува дека се' поголемата употреба на цигари во земјите во развој е огромна причина за промената, посебно во Кина и во Индија, каде што сега живеат 40 отсто од пушачите во светот. Исто така, една од причините е подоброто дијагностицирање на ракот, заедно со надолниот тренд на заразните болести кои беа водечки убијци во светот.

Дијагнозите на рак во светот постојано се зголемуваат и се очекува да достигнат 12 милиони оваа година. Глобалните смртни случаи од рак се очекува да достигнат седум милиони, укажува новиот извештај на Светската здравствена организација. Се очекува годишен пораст од еден отсто во заболувањата и смртните случаи, со уште поголеми проценти во Кина, Русија и Индија. Тоа значи дека до 2030 година веројатно ќе има 27 милиони нови случаи на рак годишно и смртни случаи до 17 милиони.

„Тоа ќе претставува неверојатен проблем на секое ниво во секое општество во светот“, смета Питер Бојл, директор на Меѓународната агенција на СЗО за истражување на ракот.

„Ракот е една од најголемите неописливи здравствени кризи на светот во развој“, истакнува д-р Даглас Блејни, новоизбран претседател на Американското здружение за клиничка онкологија. „Малкумина се свесни дека ракот веќе убива повеќе луѓе во сиромашните земји отколку ХИВ, маларија и туберкулоза заедно. И, ако продолжи сегашниот тренд на пушење, проблемот значително ќе се влоши“, додава тој.


Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот
Општество во ќор-сокак