Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Web Special

Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари

Ахтисари ја прими Нобеловата награда и медал, како и чек на околу еден милион евра

00:00 11.12 - Осло - Нобеловиот комитет со седиште во Осло му ја врачи денеска наградата за мир на поранешниот фински премиер Марти Ахтисари како признание за многубројните посреднички мисии кои во изминатите 30 години кои ги извршувал ширум светот, од Намибија до Косово.

Ахтисари ја прими Нобеловата награда и медал, како и чек на околу еден милион евра, пред околу илјада гости на свеченоста одржана во Градското собрание во Осло, на која присуствуваа и норвешкиот крал Харалд и кралицата Соња.

- Ширината и дострелот на работата на Ахтисари се неверојатни, истакна претседателот на Нобеловиот комитет Оле Данболт Мјес, предавајќи му ја наградата.

- Мирот е прашање на волјата. Сите судири можат да се решат и затоа нема оправдување да се дозволи тие да станат трајни, рече поранешниот фински претседател примајќи ја наградата.

Тој ја искористи можноста да го повика новоизбраниот претседател на САД Барак Обама да стори се да „го реши блискоисточниот конфликт“ во првата година на својот мандат“.

Ахтисари (71) посредуваше во индонезиската провинција Ацех, во Намибија, во Северна Ирска, а беше и специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за преговорите меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово.

Нобеловата награда за книжевност за 2008. е врачена на францускиот книжевник Жан-Мари Гистав Ле Клези.

Наградата за медицина ја добија француските истражувачи Франсоаз Баре-Синуси и Лик Монтање за откривање на вирусот на ХИВ во 1983. година. Тие ја делат наградата со Германецот Харолд цур Хаузен, која ја доби наградата за откривање на вирусот папилом, кој предизвикува рак на грлото на матката, втор најраспространет рак кај жените.

Јапонецот Осаму Шимомура и Американците Мартин калфи и Роџер Циен ја делат наградата за хемија за откривање и развивање на флуоресцентниот протеин. Нивната работа им помогнала на научниците да ги следат процесите како развој на мозочните ќелии, растот на туморот и ши��ењето на ќелиите на ракот.

Јапонските научници Макото Кобајаши и Тошихида Маскава ја делат наградата за физика со Американецот Јоиширо Намбу за теоретскиот напредок во објаснувањето на најмалата честичка на материјата. Намбу(87) го откажа своето патување во Стокхолм од здравствени причини и наградата ќе му биде врачена на церемонија во Чикаго.

Американскиот економист и колумнист од „Њујорк тајмс“ Пол Кругман ја освои Нобеловата меморијална награда за економски науки за анализата на влијанието на големите економии на меѓународните правилности во тргувањето. Оваа награда не е една од оригиналните награди, туку е основана од Шведската централна банка во 1968. година во знак на сеќавање на Нобел. (МИА/Макфакс)


Статијата е прочитана 222 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 11.12.2008 00:58:28
Nobel sega sigurno se prevrtuva vo grobot kutriot.Nobelovata nagrada,na Ahtisari?BOG DA CUVA
Од: Nikola
Датум: 11.12.2008 07:10:04
Резил за институцијата "Нобелова награда"
Од: beci
Датум: 11.12.2008 08:52:39
çestiki do pretsedatelot Ahtisari!!! Sosema zasluzeno... A za kogo navivavte vie: za Miloseviç ili za Putin?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот
Општество во ќор-сокак