Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
КАНДАХАР - Коалициските сили предводени од САД убија шест авганистански полицајци и еден цивил во случај на замена на идентитет додека за своја цел го имале талибанскиот командант во јужниот дел на Авганистан, соопштија од американската армија и полицијата. Голем број авганистански цивили годинава се убиени во воздушните напади од страна на меѓународните сили во земјата, изјавија авганистански официјални лица, потхранувајќи ја перцепцијата дека НАТО и американските коалициски сили не обрнуваат големо внимание кога спроведуваат воздушни напади. Иако ретки се случаите кога странските сили ги погодуваат нивните сојузници во авганистанските безбедносни сили, најновиот инцидент е третиот пријавен случај на пријателски оган во три месеци и голема е веројатноста дека ќе ги затегне односите меѓу двете страни. „Еден локален жител и шестмина припадници на авганистанските полициски сили се убиени во областа Калат во провинцијата Забул за време на операцијата што за своја цел имал познат талибански командант“, изјави поручникот Валтер Метјус, портпарол на американската армија во Кабул. „Уште 13 други се повредени“. (Ројтерс)
ooo...prijatelski?? a kakov im e neprijatelskiot togas?
Од: jimmy1
Датум: 11.12.2008 10:40:30
Toa e dokaz deka NATO i SAD se najgolemite teroristi vo svetot a ne nekoj drug kako sto tie obvinuvaat. Ne mozi tocno da se presmeta kolku teror ima Amerika napraveno vo poslednive 65 godini, posle vtorata svetska vojna. Ako se spomne cifrata kolku milooni luge imaat ubieno amerikancite za seto ova vreme, na covek kosata ke mu se krene, ke se zgnasi i ke uvide deka tie se najlosata nacija vo svetov, a ne da im davame podrska za sve bideki imaat zeleni novcanici.
Avganistancite uste neznaat kakva stoka se amerikancite, ali poleka pocnuvaat toa da go uviduvaat. Tie se sto go sozdadoja denesniov terorizam i sega se "borat" protiv nesto sto tie go imaat stvoreno. NATO ne e nisto podobar, so ubistvata vo Avganistan, Irak i bombardiranjeto na Srbija se dokazaja deka se najsilnite teroristi vo tretiot milenium, i treba da im se dade odlikuvanje, za najgilemi ubijci na stoletieto.