Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Општество во ќор-сокак

Полицијата во Грција ја црпи својата огромна моќ од Граѓанската војна што траеше до 1949

Ескалација на безредија предизвикани од „автономните“ (анархо-радикални левичари). Во општеството врие опасна смеса од бес и очај. Сегашните настани - последица од „наследството“ од Граѓанската војна?

Правната држава е во опасност, демократијата во криза - наслови што одвај би можеле да ги лоцираме некаде во Европа. А, сепак, од неделата тие стигнуваат до нас од Грција. Земјата не може да се смири по смртта на едно 15-годишно момче од полициски истрел.

„Трагично е што се случи. Настрада еден од нас. Се' додека политиката ја штити полицијата, се дотогаш ќе има и убиства“, оваа изјава на една ученичка го одразува расположението не само меѓу младите во Грција туку и во широки општествени слоеви.

„Петнаесет граѓани го загубија животот од полициско насилство од крајот на воената диктатура во 1974. Тука веќе не може да се зборува за поединечни случаи“, смета Григорис Рубанис, новинар од левоориентираниот весник „Елефтеротипија“. „Настаните имаат врска со ставот на полицијата спрема општеството. Од кои и да било причини, полицијата смета дека може самата да го земе законот в раце“, вели Рубанис и наведува случај од минатата година, кога еден студент стигна до болница, претепан од полицаец. Неговото семејство морало да се обрати до европски суд за таму да ја добие правдата. „Имаме инциденти од полицијата против странци, Роми, невработени. Полицијата дејствува како продолжена рака на законот“.

Од викендот во вонредни емисии се информира за безредијата и демонстрациите и во разговори се бараат објасненија, посебно за повторените судири меѓу полицијата и граѓаните. Станува збор за слабо платени и слабо обучени безбедносни сили. За новинарот на „Елефтеротипија“ фактичката причина за нападите од полицијата лежи во повоената историја на Грција: во Граѓанската војна која изби по Втората светска војна и траеше до 1949. „Со Граѓанската војна не се добиени само права туку таа на општеството му остави во наследство и одреден менталитет на самоволие во однос на секого, кој ја става под прашање моќта на државата. Токму во тој дух е заробена грчката полиција“. Рубанис натаму вели дека омилен слоган во полицијата секогаш бил: „Против левичарите и нивните следбеници“. „Кај полицијата до денес владее ставот дека државната власт смее да му се одмаздува на останатиот дел на општеството. Тоа се задоцнетите последици од Граѓанската војна“, вели новинарот.

Иако конзервативниот премиер Костас Караманлис во говорот до нацијата беше категоричен дека државната власт нема да ги толерира безредијата, тие продолжија и во меѓувреме не се на улица само „автономните“. Има потенцијал за масовни протести, смета Рубанис. „Нашето општество носи длабоки лузни. Bildunterschrift: Gro?ansicht des Bildes mit der Bildunterschrift:  Тоа е незаштитено, изложено на економско самоволие на државата. Граѓаните гледаат богати политичари, додека многумина од нив самите се на работ на финансиска руина“. Тој укажува на уште еден момент: во последно време со еден голем скандал е разнишана и веродостојноста на црквата, врз која се потпираат големи делови од општеството. Освен тоа, „грчкото општество со децении чека на модернизација, која би опфатила правна држава, уредна полиција и правосудство без дамки. Јавните системи на образование и здравство се наоѓаат во распад. Накратко речено - ние како општество се наоѓаме во ќор-сокак“, вели Рубанис.

Ако не се промени политичката култура во Грција, сегашниве безредија ќе бидат само почеток, смета тој. „Деновиве разговарав со политичар од висок ранг. Негова процена е: претставниците на конзервативната фракција ја сметаат државата за нивна сопственост. Тие веруваат дека се' што е јавно е нивно.

Го слушнавме сега и говорот на премиерот - ако се анализира неговата позиција, тогаш тоа е позиција на човек кој не му припаѓа на општеството, туку стои наспроти него“, вели Григорис Рубанис, новинар на весникот „Елефтеротипија“. (Дојче веле)


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шест полицајци и цивил загинаа од „пријателски оган“ во Авганистан
Хрватите во БиХ бараат Херцег-Босна
Муслиманите го завршуваат својот аџилак во Мека
Хрватската телевизија на столбот на срамот
Самоубијците од Мумбаи биле регрутирани
Нобеловата награда за мир врачена на Марти Ахтисари
Ракот ќе биде главниот убиец во светот до 2010 година
Јулија Тимошенко ги надмудри и двајцата Виктори
Нови судири во Атина на денот на 24-часовниот генерален штрајк
Лондон загрижен дека лошо се управува со Грција
Гувернерот на Илиноис го продавал местото на Обама во Сенатот