Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Мислења

Импотентни и килави инспектори

Слободан Најдовски

Дури кога ќе се стекне уверување дека инспекциите се професионални и непристрасни во вршењето на функцијата, тогаш и јавноста ќе верува во нив

Случувањата во и околу А1 и улицата „Перо Наков“ б.б. продолжуваат да ја брануваат македонската јавност. Секојдневно се дополнуваат со нови моменти и пикантерии. Да знаел Перо Наков дека неговото име ќе се спомнува најмногу во овој контекст сигурно, кога би можел, никогаш немаше да се согласи некоја улица да го носи неговото име.

И покрај спротивставените гледања, на крај, мислењата и ставовите на новинарите, политичарите и на аналитичарите водат кон заклучоци што се движат во два правца. Првиот е недвосмислената, барем декларативно, поддршка на слободата на говорот и на медиумите, а вториот е поддршката на инспекциските служби во расчистувањето на случајот. Кај мене многу повеќе интересирање предизвикува вториот, кој се однесува на реакцијата, односно нереакцијата на државните органи.

Сите се едногласни и повторуваат дека треба да ги оставиме надлежните државни институции и инспекциските служби да си ја тераат работата, што би рекла министерката за внатрешни работи, во согласност со законот и уставот. Но, токму тука е проблемот, бидејќи тие институции не си ги извршувале работните задачи и убеден сум дека нема да си ги завршат како што треба. Всушност, тие се генератори на случувањата. Како да се остават на мир и да се очекува успешно завршена работа од раководители на надлежните инспекции што јавно се жалат, а убеден сум лажат, бидејќи во прашање е нешто друго, односно дека, наводно, не можеле со години да влезат да ги извршат своите надлежности. Зошто дури сега побараа асистенција од полицијата? Јавно ги прашувам како во маалското гранапче влегуваат и го затвораат, бидејќи во 19,05 часот некој селанец, изморен, враќајќи се од нива замолил да купи едно пиво и да се освежи. Ја известуваат јавноста дека не можат да се снајдат, бидејќи толку биле испреплетени работите и меѓусебната поврзаност на фирмите што не можеле да фатат крај со крај. Но, според многубројните изјави на инволвираните страни, произлегува заклучокот дека проблемот е во досегашната испреплетеност на интересите на поединци од државните органи и спомнатите фирми и затоа не да не можеле, туку сигурно не сакале да влезат.

Случајот на „Перо Наков“ ја покажа атрофираноста на нашиот систем. Токму од „електронските медиумски бранители“ на владините постапки во акцијата дознавме колку во овој момент е неспособен и изместен нашиот државен апарат. Покрај другото, тие не' информираа дека, наводно, таму се произведувала храна што не ги исполнувала условите за безбедност на храна повеќе од седум месеци. Па, се прашуваат ли тие ако е така, кој е одговорен што нашите деца јаделе таква храна. Никој друг не е виновен, освен оние што блиските владини медиуми ги фалат дека се многу ревносни во спроведувањето на законите т.е. власта.

Доколку надлежните институции си ја вршеле работата во согласност со законите, воопшто немаше да дојде до оваа ситуација. Проблемот, што уште еднаш се потврди кога се во прашање професионалноста и селективноста во функционирањето на инспекциските служби, е долгогодишен, но во последниве години е извулгаризиран до крајни граници. Не е во прашање импотентност и килавост, што како изрази се користат за неуспешно извршување на обврските што произлегуваат од законите за инспекциите и другите државни органи за контролна функција. Во прашање се актуелните државни функционери што извршиле кастрација врз институциите и ги онеспособиле да ги исполнуваат своите обврски за да има плодови од нивната работа. Не дека нема таму способни луѓе, не дека не ги знаат законите, туку поради тоа што добивале и ќе добиваат наредби да не си ја вршат работата таму каде што власта има интерес, резултатите ќе изостануваат.

Како сега да им веруваме дека ако ги оставиме на мир ќе си ја завршат работата во согласност со законските одредби. Следува заклучок дека врвот на државната власт ги спречувала сегашните раководители на тие служби да го исполнат законот. Голема е опасноста, како и досега, да се договорат и да се испазарат или, пак, како во многу други случаи ќе направат филмски сценарија и на крај пак ништо. И во спомнатиот случај приказната со службите само го потврдува мислењето дека кај нас се' функционира во зависност од тоа дали ја поддржувате власта или сте нејзин критичар.

Во секоја нормална држава досега првиот човек на државната ревизија ќе излезеше со став за тврдењето за трошење државни пари за партиски рекламирања. А каде е тој, односно таа, иако по закон е обврзан да врши ревизија на буџетот секоја година. Кои се аргументите што ќе потврдат дека инспекциите успешно ќе си ја завршат работата? Зошто да не се сомневаме дека ако перјаниците на власта се договорат со А1, ќе наредат да се замиже во контролата на документите. Исто така, голема е веројатноста ако не успеат да си ја вратат старата љубов, во тој случај да напишат се' и сешто во извештаите. Силното партиско влијание врз работата на инспекциите и пристрасноста, посебно кога се во прашање медиумите, не остава простор да се верува во непристрасноста на инспекциите.

Неоспорно е дека спомнатиот случај треба докрај да се расветли и да има своја завршница во легалните државни институции. Но, ставот да се остават инспекциите да си ја вршат работата треба да има одреден редослед. Потребно е да се отвори расправа во надлежните тела за одговорноста на носителите на функции во органите што требало досега да вршат контрола. Треба да се испита работата, односно неработата на актуелните раководители на надлежните инспекции, без разлика што патот за одговорност сигурно ќе води и до највисоките хиерархиски нивоа на власта. Потоа инспекциите и другите институции поврзани со случајот да се ослободат од сите лица што досега ги спречувале или наредувале селективно извршување на надлежностите. Дури кога ќе се стекне уверување дека надлежните инспекции се оспособени за професионално и непристрасно вршење на св��јата функција, тогаш и јавноста ќе верува во нивните извештаи, а во спротивно извештаите ќе служат за меѓупартиски препукувања.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 2709 пати.

Испрати коментар

Од: Jonce
Датум: 07.12.2010 13:33:07
Mislam deka se malku poefikasni odosto vo vase vreme so TAT.
Од: сашо
Датум: 07.12.2010 14:50:55
Премногу ја исполитизиравте работата, затоа е вака во државава. Немате право ни Вие ни други да коментирате и да давате мислење за тоа што се случи на Перо Наков бб. Дали господине Најдовски во Америка даваат мислења за акција за плаќање на данок? Зошто не давате мислење за тоа како се тие фирми регистрирани на таа адреса, а Велија вика дека појма нема ништо за нив? Ве молам кажете мислење за нешто што држи вода
Од: TB
Датум: 07.12.2010 15:54:58
vo ovaa kolumna samo mozam da prepoznaam covek koj saka da e prikaze samo latino amerikanskata demokratija kritikuvas drzavni institucii koi si ja vrsat posteno svojata rabota,so korumpirani medijumi i pogresno ptikazuvanje na rabotite nema demokratija.
Од: Ѓоко
Датум: 07.12.2010 16:10:27
А бре вие уште пишувате, по последната колумна не ви е веќе срам?
Од: Vladimir
Датум: 07.12.2010 16:15:19
Gi citam statiite okolu A1 i se pomalku mi se jasni nekoi raboti.1.Kako moze vo ist objekt da se naoga televizija so nacionalna licenca zaedno so przilnici magacini itd.bez odvoeno knigovodstvo softveri i drugo .(Site se pravime ludi i nikoj ne progovoruva na ovaa tema.2.Kako mozat dnevni vesnici da egzistiraat so blokirani smetki a novinarite primaat plata preku piljarnici.(I site se pravime ludi zagrozuvanje na sloboda na mediumi? koj e ovde lud)3.Nikoj ne spomenuva deka drzaven organ bara uvid vo dokumentacijata na SHEST firmi na ista adresa so mediumite (od 26 ili 50 po nekoi izvor) i nekoj si dozvoluva da toa NE GO DOZVOLI( i pak upad vo mediumi) .4.Novinarite na Pero Nakov se slepi ,nepismeni ili ludi pa kriminalot go baraat na intedrnet.I SEGA ?KOJ E OVDE LUD.Novinarstvoto epadnato na ispit odamna.Normalno napisov svrstajte go vo red na gluposti na eden VMRO-vec.Prashuvam:KOJ E OVDE LUD?Imajte hrabrost pa odgovorete na prashanjeto.So pocit.
Од: Do Jonce
Датум: 07.12.2010 16:39:58
Malo pojasnuvanje na rabotite za lugjeto sto ne gi sluzi memorijata. Glaven kreator na TAT e Tome Nenovski-zet na vmrovecot Kljusev. I edna rabota tipicna za TAT, nikoj ne gi terase lugjeto da prodavat imot i da vlozat pari vo TAT kade kamata bese 25% mesecno, kaj go ima toa, pa samo lud moze da go napravi toa ili alcen covek. Jas ne vloziv zatoa sto znaev deka toa e somnitelno, kamata 25%??????
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2010 18:07:44
Се сложувам да П.Наков се превртува во гробот кога гледа да на неговата улица стои дивоградба во која царува смоки независното новинарство,кое истото газдата го прави ,,чергиче за бришење нозе,,Сигурно со ,,радост,, се сеќава авторот на 2006 год. кога му ги ловеше дотичниот газда ,,секси,,инспекторите, за разлика од овие ,,импотентните,,.Само овие ,,импотентните,,се покажаа поефикасни па турија црвен восок на 5-6-те фирми,плус фатените девизи.
Од: ace strumica
Датум: 07.12.2010 18:22:36
dobro jonce nikoj ne gi terase so sila lugeto da stavaat pari vo tat no ko gi zema tie pari od tat a ako ti ne se sekavas neli imase nekoj vo trenerki so maknese pari i site dobro znaeme koj oktopod gi zema i znaeme koj e toj oktopod a za kolumnata toj covek da imase barem malku doblest ke si rabotese samo a odamna ke se otkazese od politika no toa ti e komunist
Од: читател
Датум: 07.12.2010 21:02:05
Најдовски само контра ефект правиш..колку повеќе го браниш криминалот и "независните интелектуалци и медиуми" односно смокари кои примаат плата под рака толку повеќе ја тераш јавноста да се врти против Велко Арамиовски,Бранко Црвенко и СДСМ.Со такви приврзаници и активисти како вас ВМРО -ДПМНЕ може да ужива слободно следните 100 мандати! Со ��војата појава и сомнителен порал па и "апологии на демократијата" ги бркате и онака малкуте гласачи на СДСМ.
Од: penzioner
Датум: 07.12.2010 21:24:50
moe mislene!Analizaa e dobra bidejki strela vo centarot.Hunzite vednas vie sto napravivte so TAT.Toa znaci, a zasto i nie ne bi napravile isto.TAT na eden od postoecite jazici znaci kradec.Znaci priznavae deka i vie odnosno vasite kradat.Vo tat stedea sie,koi se alcni na koi nivniot Dzodzola bese kako auspuh.E koj jade mast i krv ce seri.Sto se odnesuva do inspektorite,toa i nebea nekoi inspektori, toa bea isprateni isplaseni gluvcinja na koi i dve crtani ovci da im dades ce gi zaginat.Toa jasno se vide od intervjuto koga gi prasaa,kutrite ne znaeja usta da otvorat,ili ako otvoreja ce gi ckase otkaz,Najverovatno.Toa ste vie hunzi.
Од: Jonce
Датум: 07.12.2010 22:05:36
TAT bese samo kako primer, ima mnogu drugi oktopodi. Nikoj ne im branese da go uapsat Nenovski ili da napravat kakva-takva inspekcija vo TAT. Ne go cepnaa se dodeka rabotata ne pukna.
Од: Stavre
Датум: 07.12.2010 22:09:15
Pa vo 19,05 pobarale intervencija od policijata zasto se sobrala paravojskata (bodigardovite) na SDS.
Од: nekoj si
Датум: 07.12.2010 22:13:53
Pocituvan prateniku, kako taka apriori nastapuvate so somnez vo drzavnite institucii deka ne si ja vrsat ili nemaat namera da si ja vrsat svojata rabota sovesno? Toa e povik za urivanje na pravnata drzava i vladeenjeto na pravoto. Ako ima malicioznost ili "dogovaranje" so smokarot, toa treba da se dokaze. Vo sprotivno, nekoj bi mozel da kaze i za Vas deka ne ste si ja obavuvale cesno rabotata. Tukutaka. Od vedro nebo. Zatoa sto ne mu se dopagjate. Ne se pravi vaka drzava.
Од: od mene
Датум: 07.12.2010 23:15:25
I kade e vistinata i problemite ednostaven i mnogu lesen odgovor ucevte na abakusi i pak broevte na prsti problem vo ovaa drzava e nefunkcioniranje na zakonot neprofesionalizam i neukost a toa vazi i za site politicari osven Amdi Bajram koj mi stoi najpameten i najmudar od site barem ne krie deka ucel o ulica dali da nabroime policija sud medicina i taka nataka nema potreba .Zakon fali cvrsta raka i red demokratija ne e da pravi koj sto saka i kako saka toa e basibozuk
Од: Битола
Датум: 07.12.2010 23:23:40
бљак...апсолутно не интересна колумна...изгледа сте многу очајни ако дозволувате кој стигне да пишува колумна во вашиот весник. Некој напиша, кој му е крив на народот што ги штеделе парите во ТАТ со нереална камата ??? Па тогашниот премиер Црвенковски и претседател Глигоров е одговорот, оние истите кои неколку последователни години на Соња и ТАТ и доделуваа награди и признанија за најдобар бизнисмен,најдобра штедилница...сега се виде дека народот не требало да им верува....а сега некои со жолти маици сакат реприза....NO PASARAN
Од: Ivan P.
Датум: 08.12.2010 10:32:43
Za da se komentira i pokraj politickoto ubeduvanje potrebna e barem mala doza na poznavanje i korektnost vo tezite. Pa tokmu NBM (Nenovski) e inspekcijata za stedilnici i banki. dali trebase mozebi da pojde sanitarna inspekcija. Inaku nikade ne velite i edna druga vistina. Kolkumina od istiot toj TAT kupija stanovi i koli i pokasno povtorno na ulica se buntuvaa zatoa sto del od zarabotkata im propadna. I dokolku premierot po nekoj svoj zaklucok go proglasuvate za kradec na se sto e ukradeno vo negovo vreme znaci ocekuvam da go obvinite Gruevski za OKTA, NPK, Svedmilk, REK, i dr.
Од: anonimus
Датум: 08.12.2010 14:24:30
gi citam site komentari i ne mozam da se nacudam kako nikoj ne prasal koga ova zapocna i koj e e odgovoren i kako cela situacija izleze od kontrola i kade bi se baralo odgovornost .Odgovornost treba da se bara od nacalnikot na policijata koj dade naredba da se zabrani vlez i izlez na sekoe lice od objektot na taa adresa a ne od drugi institucii koj pobarale da bidat vo nivna blizina za nivna bezbednost dodeka si ja vrsat svojata rabota bidejki inspekciite ne pobaraa da se zabrani slobodnoto dvizejne na licata koe rabotat vo toj objekt ,takva naredba izdal nekoj nacalnik ili komandir na policijata. A koga veke se prasvame kakov kriminal ima , odgovorot go znat i prethodnata i segasnata vlada koj go dozvolile ovaj nacina na rabotejne na firmite na velija koga prethodnata vlada na celo so vlado buckovski sakase da intervenira imase podrska od togasnata opozicija na celo so segasniot premier odnosno kako so go velicese a1 mesijata vo 2006 godina za podocna odnosno pred nekoja nedela da
Од: Жарко,Ресен
Датум: 08.12.2010 15:32:10
А јас би сакал да ги прашам правнициве-коментатори на власта:Како е можно среде пазар да се продава метил алкохол,од кој за малку ќе починеа многу луѓе?Па зарем мислите дека некаде во Македонија важат некои стандарди и се почитуваат закони?Мислите ли дека овие фирми се единствените каде не се почитуваат закони?Ако ги решите овие фирми,сте го решиле криминалот во Македонија?Па со селективност и со партиска послушност не може да се реши криминал во една држава.

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
М��рш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott