Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Мислења

Сталин, наш современик

Тимоти Снајдер

Со насилна кампања за колективизација, со стрелања и депортации во гулази, Сталин го стави советското земјоделство под државна контрола

Пред 80 години, есента 1930 година, Јосиф Сталин наметна политика што го промени текот на историјата и доведе до десетици милиони жртви низ децении низ цел свет. Со голема и насилна кампања за „колективизација“ го стави советското земјоделство под државна контрола. Сталин ја туркаше колективизацијата и покрај големиот отпор што следуваше кога советските власти претходната пролет првпат се обидоа да ја воведат оваа политика. Советското раководство тогаш се потпираше на стрелања и депортации во гулази за да ја придобие опозицијата. Сепак, голем број советски граѓани дадоа отпор. Казахстанските номади побегнаа во Кина, украинските земјоделци во Полска.

Во есента стрелањата и депортациите продолжија, а беа дополнети со економска принуда. Индивидуалните земјоделци беа оданочувани се' додека не влезеа во колективните задруги, а на колективните фарми им беше дозволено да го конфискуваат семенскиот материјал на индивидуалните земјоделци што се користи за сеење за следната година. Откако земјоделскиот сектор во СССР беше колективизиран, почна гладот. Со лишување на селаните од нивната земја и правејќи ги де факто државни службеници, колективното земјоделство и' овозможи на Москва да ги контролира луѓето, како и нивниот приход.

Сепак, контролата не е креација. Се покажа невозможно да се претворат централноазиските номади во продуктивни земјоделци во една жетвена сезона. Почнувајќи од 1930 година, околу 1,3 милиони луѓе гладуваа во Казахстан, а нивните скудни жетви беа одземани според централните директиви.

Во Украина, во 1931 година жетвата беше неуспешна. Имаше многу причини за тоа: лошо време, штетници, недостиг од животинска сила откако селаните го убија добитокот место да го загубат во корист на колективните задруги, недостиг од трактори, стрелање и депортации на најдобрите земјоделци и нарушување на сеидбата и жнеењето предизвикано од самата колективизација. „Како можат од нас да очекуваат да градиме социјалистичка економија“, праша еден украински селанец, „кога сите сме осудени на глад?“ Ние знаеме како - по 20 години копање по советските документи - во 1932 година Сталин смислено го трансформирал гладот со колективизацијата во Украина, во намерна кампања за политички мотивирано гладување. Сталин ја претстави лошата жетва како знак за украински национален отпор, што бара одлучност место отстапки.

Со проширувањето на гладот тоа лето Сталин го рафинираше своето објаснување: гладот е саботажа, локалните комунистички активисти се саботери, заштитени од повисоките власти, а сите беа платени странски шпиони. Во есента 1932 година Кремљ излезе со серија декрети што гарантираа масовни умирања. Еден од нив беше прекинување на целосното снабдување за заедниците што не успеале да ги исполнат своите квоти за жито. Во меѓувреме, комунистите ја земаа целата храна што можеа да ја најдат и, како што се сеќава еден селанец, „до последното зрно жито“. Во почетокот од 1933 година границите на советска Украина беа затворени за да не можат оние што гладуваат да бараат помош. Изгладнетите селани жнееја под стража.

Повеќе од пет милиони луѓе беа изгладнувани до смрт или умираа од болести поврзани со гладот во СССР во почетокот од триесеттите години, 3,3 милиони од нив во Украина, од кои околу три милиони ќе преживееја ако Сталин едноставно ги прекинеше требувањата и извозите на неколку месеци и им дозволеше пристап на луѓето до продавниците за жито.

Овие настани останаа во центарот на источноевропската политика се' до денес. Секој ноември Украинците одржуваат комеморација за жртвите од 1933 година. Меѓутоа, Виктор Јанукович, сегашниот украински претседател, негира дека се случило посебно страдање на украинскиот народ. Тој се согласува со официјалниот руски историски опис што се обидува да помати одредени зла на колективизацијата во толку нејасна трагедија, што нема јасни виновници или жртви.

Рафал Лемник, Евреин со полско потекло, адвокат што го востанови концептот за „геноцид“ и го измисли терминот, немаше да се согласи: тој го нарече гладот во Украина класичен случај на советски геноцид. Како што знаеше Лемкин, гладот беше проследен со терор: селаните што ги преживеаја гладот и гулазите станаа следните жртви на Сталин. Големата чистка во 1937-1938 година почна со стрелања, главно, спроведени врз селани, кои одзедоа 386.798 животи низ Советскиот Сојуз, несразмерен број од нив во Украина.

Колективизацијата фрли голема сенка. Кога нацистичка Германија изврши инвазија врз западниот дел на Советскиот Сојуз, Германците ги оставија колективните задруги недопрени, со право гледајќи ги како инструмент што ќе им овозможи да ја пренасочат украинската храна за свои сопствени цели и да изгладнуваат кого сакаат.

Откако Мао ја изведе својата револуција во 1948 година, кинеските комунисти го следеа сталинистичкиот модел на развој. Ова значеше дека околу 30 милиони Кинези беа изгладнувани до смрт во периодот од 1958 до 1961 година, во глад многу сличен на оној во Советскиот Сојуз. И маоистичката колективизација беше проследена со големи кампањи на стрелања. Дури и денес колективното земјоделство е основа за насилничката власт во Северна Кореја каде што стотици илјадници лица гладуваа во деведесеттите години. И во Белорусија, последната диктатура во Европа, колективното земјоделство никогаш не пропадна, а поранешен директор на колективна задруга, Александар Лукашенко, ја води државата.

Лукашенко во декември ќе се кандидира за четвртиот последователен претседателски мандат. Контролирајќи ја земјата тој, исто така, го контролира и гласањето. И по осумдесет години од почетокот на колективизацијата, светот на Сталин останува меѓу нас.

(Авторот е професор по историјата на Универзитетот „Јеил“, негова најнова книга е „Крвави земјишта: Европа меѓу Хитлер и Сталин“ и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1471 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 07.12.2010 13:34:25
Kolku luge gladuvaat i umiraat deneska vo Indija, najgolemata demokratija vo svetot? Kolkavo bese zemjodelskoto proizvodstvo vo Makedonija pred dvaeset godini a kolkavo e sega? Zaklucok: naslovot na ovaa statija e sosema ispraven.
Од: Pejo Glupaviot
Датум: 07.12.2010 13:42:42
Procenkite za brojot na manifestanti vo nedelata vo Skopje se od deset do preku pedeset iljadi. Ne e lesno da se najde tocen broj, lugeto se site sobrani na edno mesto. Megutoa tocno se znae kolku luge umrele od glad vo Ukraina vo 1935 i vo Kina 1860 godina. Znaejci deka retko luge umiraat direktno od glad a povece od bolesti poradi neishranetost. A znaejci deka SSSR i Kina vo toa vreme bile demokratski i otvoreni opstestva ne e tesko da se dojde do tocni brojki, neli. Brojot na umrenite od glad e poznat a brojot na ziteli, vo toa vreme, se procenuva so plus minus 10%. Toa sakav da kazam.
Од: Трпе
Датум: 07.12.2010 15:05:29
Како македонски идоли во музејот на восочни фигури,мора да се најде место за Сталин,Чаушеску,Мао,Хитлер и Хоџа.
Од: od nikoj
Датум: 07.12.2010 22:04:53
Lesno e da se kritikuvaat drugi drzavi, drugi sistemi.lesno e da se kritikuvaat umreni luge, umreni sistemi.No, ajde da pogledame sto se slucuva denes vo svetot.Taka nareceni demokratski zemji,kolku tamu e prisuten gladot.Kolku vo Amerika ima gladni,beskuknici,luge bez rabota,luge koi nemaat kade da se zasolnat, koi spijat pod mostovi.Ili denes ni se prikazuvaat inserti od bogataskiot glamur i mislime deka tamo nekade se e dobro, bogato sjajno.Go nema komunizmot, no, denes milioni luge umiraat od glad.Se ubivaat milioni luge zatoa sto ne mislat kako glavesinite.zarem nemame i denes i kaj nas eden Stalin.Tepanje na plostad,Vrabotuvanje samo na svoite,primanje samo na poslusnite,gasnenje na demokratijata,potkup,korupcija,krazbi.Dali podobro ziveeme vo ova hunzicka zemja ili Makedonija koja bese vistinska respektirana i koga so ponos se nosese po svetot
Од: devicanecot
Датум: 07.12.2010 22:31:05
Неверојатно..Човекот се фаќа за Сталин. Подобро е нека се фати за Буш и Блер и нивните злодела, па нека стави на Кантар.Колку илјади деца умреа во Ирак со проектот нафта за храна? Е тоа не е во програмата на проектот Синдикејт, нели?
Од: AA
Датум: 08.12.2010 08:27:26
Повеќе не интересира Викиликс и потрошени 80 Милиарди долари за шпиунажа.
Од: kojce
Датум: 08.12.2010 12:38:59
Kazi mi profesore civ si za da ti jas kazam koj si,oti treba da se vratis povtorno za nova,pomoderna,poaktuelna diploma...Vsusnost nekoi od komentarive mi te potsetija na aktuelnosta,taka da jas nema potreba da davam besplatni lekcii...

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
Марш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Импотентни и килави инспектори
Стил
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott