Анџелина Џоли
Девственост изгубена на 14 години
„Енџи ја изгуби девственоста на 14 години, со првото момче Антон, кој носеше дебел сребрен синџир однапред, закачен за појасот и спуштен со задната страна на коленото и повторно закачен одзади за празниот паричник“, запишано е во неавторизираната биографија на Анџелина Џоли од авторот Ендрју Мортон, која деновиве излегува од печат.
Иако тинејџери, Анџелина и Антон веднаш почнале да живеат заедно и тоа по иницијатива на нејзината мајка Маршелин Бертран, која верувала дека ќерката ќе биде послушна ако е во нејзина близина. Но, не била во право.
„Една ноќ кога се напиле, Анџелина дофатила еден од своите ножеви и го расекла Антон, а тој и' возвратил. Двајцата биле облиени во крв. За неа тоа бил момент на исконска чесност, кој и' давал чувство дека е жива и опасна. Со сечењето чувствувала дека се ослободува од своите емотивни стеги, но малку недостасувало таа ноќ да и' биде пресечена вратната жила“, стои понатаму во книгата. |