Лигата на шампионите заврши со групите
(09.12.2010г.-09:44ч.) Со одигрувањето на синоќешните осум натпревари, заврши фазата по групи во фудбалската Лига на шампионите, по која се познати екипите кои ќе продолжат во пролетниот дел, каде се предвидени директни двобои на елиминација. Во вчерашните натпревари беа постигнати следниве резултати: „Е“ група: Баерн Минхен - Базел 3:0 и Клуж - Рома 1:1. Табела: Баерн 15 бодови, Рома 10, Базел 6, Клуж 4. „Ф“ група: Олимпик Марсеј - Челзи 1:0 и Жилина - Спартак Москва 1:2. Табела: Челзи 15 бодови, Олимпик Марсеј 12, Спартак Москва 9, Жилина 0. „Г“ група: Реал Мадрид - Оксер 4:0 и Милан - Ајакс 0:2. Табела: Реал Мадрид 16, Милан 8, Ајакс 7, Оксер 3. „Х“ група: Арсенал - Партизан 3:1 и Шахтјор - Брага 2:0. Табела: Шахтјор 15, Арсенал 12, Брага 9, Партизан 0. Пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите изборија: Тотенхем и Интер („А“ група); Шалке и Лион („Б“ група); Манчестер Јунајтед и Валенсија („Ц“ група); Барселона и Копенхаген („Д“ група); Баерн Минхен и Рома („Е“ група); Челзи и Олимпик Марсеј („Ф“ група); Реал Мадрид и Милан („Г“ група) и Шахтјор и Арсенал („Х“ група). Третопласираните од групите обезбедија пласман во Лигата на Европа: Твенте („А“ група); Бенфика („Б“ група); Глазгов Ренџерс („Ц“ група); Казан („Д“ група); Базел („Е“ група); Спартак Москва („Ф“ група); Ајакс („Г“ група) и Брага („Х“ група). Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи на 17 декември во Нион, Швајцарија.
|