Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките

Министерот Бајрами останува на ставот дека покачувањето е неопходно, а други владини извори тврдат дека нема основа за тоа

Жаклина Ѓорѓевиќ


Можното покачување на цената во градинките ги подели владините функционери. И додека министерот за труд и социјална политика, Џељал Бајрами, вчера за „Утрински весник“ потврди дека останува на ставот дека покачувањето на цените е неопходно, други владини извори тврдат дека нема никаква основа за поскапување на градинките во услови на економска криза. На оваа тема веќе имало прилично жешки дебати во Владата.

Родителите се изненадени од најавите за покачување на цената во државните градинки, која уште не е официјално соопштена, иако се најавува дека тоа ќе се случи наскоро. На вратите во некои градинки веќе е истакнато дека цената за престој на децата од овој месец, најверојатно, ќе се покачи од 1.490 на 2.000 денари, но оваа информација ја негираат во Министерството за труд и социјална политика, со изговор дека се' уште се размислува за цената. Оттаму најавуваат контроли со цел да се провери кои градинки на своја рака ги истакнале ваквите соопштенија.

Родителите, пак, веќе реагираат на поскапувањето. Новата цена во државните градинки е висока, коментираат родителите, бидејќи, според нивните процени, се доближува до онаа во приватните. Тоа посебно ќе се одрази врз буџетот на оние родители што носат две деца во државна градинка, бидејќи немаат друг избор.

Неофицијално дознаваме дека имало веќе една средба на десетина директори на скопски градинки што застанале зад идејата за зголемување на цената за престој во градинките. Но, откако средбата не поминала успешно, во план им е да одржат нова средба. „Но, согласно со законите, само Министерството може да одлучи за цената во градинките“, коментираат високи извори од ресорното Министерство. Пред неколку месеци ваквиот притисок за зголемување на цената во форма на информација бил доставен и во Владата, но за идејата воопшто не се дискутирало. Ставот на Владата, наводно, бил дека во услови на криза воопшто не може да се удри по џебот на родителите. „Моментално нема основа за покачување на цените“, тврдат анонимни извори во Владата.

Инаку, и сега има големи трошоци за престојот на децата во градинките.

Англиски и курсеви по танц, „росици“, блокови, боички, стои на километражниот список што им се дава на родителите во градинките. А кога на тоа ќе се додадат и влажни марамчиња, тоалетна хартија и сапун, цената, секако, не запира на стандардните 1.500 денари колку што се бара за престој во градинките.

„Со новата цена од 2.000 денари многу ќе ни биде скапо затоа што покрај редовната месечна претплата, плаќаме и други издатоци. Плаќаме за ’Росица’, потоа за часови по англиски 400 денари месечно и за часови по ритам и танци уште 350 денари. Што значи, тие 2.000 денари веќе ги даваме, а сега ќе треба да издвојуваме и повеќе“, вели мајка на тригодишно дете. Во градинката бараат од неа два пати годишно да купи материјали неопходни за детето. „Не знам, ама можеби е подобро ќерка ми да ја запишам во приватна градинка. Барем таму нема ништо да ми бараат да купувам“, се жали мајката.

Во дел од градинките има соопштение со кое се најавува новата цена, но тоа се демантира. Родителите биле фрапирани кога пред извесно време дошле во градинка за да ја земат уплатницата, а ги пречекало известување за но��а цена веќе од наредниот месец. Сепак, во градинките вчера имаше дециден став дека уште не се известени за новото покачување.

„Засега се' уште не е дефинирано колку ќе биде покачувањето за престој на децата во градинките, но, факт е дека ќе има покачување, бидејќи тоа го налагаат условите зашто повеќе од 7-8 години не е извршено коригирање на цените, иако реално имало потреба од тоа“, ни изјави вчера министерот за труд и социјала, Џељал Бајрами. Тој смета дека родителите ќе можат да го издржат покачувањето. За возврат, вели Бајрами, родителите ќе добијат подобри услови за престој на нивните деца во градинките.

Злата Николиќ, директорка на државната градинка „Раде Јовчески-Корчагин“, ја поздравува одлуката за покачување на цената. Парите што ги добиваат за престој на децата, според неа, во најголем дел ги користат за храна, со што едвај ги покриваат трошоците. Затоа имаат огромна помош и субвенции од државата.

„Ние сме задоволни што општината Центар и државата ни излегуваат во пресрет кога треба да се интервенира и не не' забораваат“, се пофали директорката. Според неа, платите на воспитувачките и на негователките до пред 2-3 години биле замрзнати, а во последниве години се покачени. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1853 пати.

Испрати коментар

Од: mkd
Датум: 07.12.2010 12:35:30
Treba da postojat odredeni stimulacii vo gradinkite. Neka bide cenata 2.000 denari no roditeli so 2 deca i poveke koi odat vo gradinka da imaat 10% popust. Roditeli so primanja pod 12.000 denari neto da imaat 25% popust i da bidat oslobodeni od dopolnitelnite davanja a tie da gi pokriva opstinata itn. Ima prostor za socijalna pravda no treba da se poraboti malku na toa.
Од: Goran
Датум: 07.12.2010 14:08:28
Se slozuvam deka inflacijata si go pravi svoeto i deka cenata ne e pokacena veke poveke godini, no od druga strana direktorite na gradinkite toa si go nadoknaduvaat so organizacija na razni kursevi za decata. Vo nasiot grad postoi ritmicka sekcija koja se odrzuva ednas nedelno vo traenje od 1 cas, a za toa plakame 200 den. Ako se ima vo predvid deka edna grupa ima okolu 20 deca, a vo nasiot grad vo gradinkite ima okolu 400 deca vo razni grupi, se doaga do cifra od okolu 80 000 denari, od koi za animatorot se isplakaat samo 6000 den. А другите пари каде одат. Истото се однесува и за англиски јазик/
Од: ggg
Датум: 07.12.2010 14:16:56
sramota za komentarite za cenata vo gradinka .Tocno deka se doplakaga za tanc za angliski, za rosica i za drugi aktivnosti no se to toa se na dobrovolna osnova i nese zadolzitelni , taka da cenata za gradinka 1490 bese sosoema korektna da ne recam i mala .Higineskiot del e samo ednas godisno i nema mesto za panika. mislam deka malku preteravme vo zalenje .
Од: Vesna
Датум: 07.12.2010 14:38:22
Dobro be luge sto e 2000 den za 9-10 saati da ti go cuvaat deteto i plus dva obroka. Pa privatnite gradinki kostaat nad 10000 den a isto e i zena doma da ti cuva.I sose materijali da kosta 3000den. ne e mnogu bidejki razlikata vo cenata so privatnite e golema. Se slozuvam socijalnite slucai a i tie so epten niski primanja treba da imaat popust.
Од: koskar
Датум: 07.12.2010 14:57:05
gradinkite ne poskapuvaat - poskapuvaat uslugite. pozdravete go lektorot, ako go imate voopsto... angliski, rosica, i sl. se dopolnitelni "dobrovolni" aktivnosti. spisocite ne se ni najmalku "kilometarski", da ne preteruvame. da bideme realni - 1490 denari za 3 obroci i cuvanje cel den..... mene mi stoi malku...
Од: pero
Датум: 07.12.2010 14:57:20
Како со просечни примања, да се плати градинка за 2 дечиња? Тоа до сега беа 3.000 денари, плус сега побараа 300 денари за играчки кај малото а 600 денари за боенка и фломастери за големото... Дечињата треба и да се облечат... Сега ќе треба да плаќам плус 1000 денари. Има ли некој во владата чувство за нивото на сиромаштија на народот? А јас се сметам за некоја средна класа. Што станува со останатите?
Од: Stojko
Датум: 07.12.2010 17:37:04
Sedi si miren Srecko, ne si dostoen da pisuvas za decata.
Од: Komentator
Датум: 07.12.2010 23:32:03
Pametam--baba mi izgleda 5 deca ..na raka perese na drven sporet gotvese....nemavme Rosica..Angliski a ritmika bese brkanje krpena topka vo pravliva skopska ulica..Baba mi sekoja vecer legnuvase zamorna kako magarica..ama preku den sekogas nasmeana da precka gostin so poznatoto naut cairsko kafe...uste ja osekam nejzinata blazena raka vo mojata kosa...A deneska i dve deca prosti gospode ni se mnogu ne se znae koj poveke e nervozen.. decata ili roditelite...???
Од: Oliver, USA
Датум: 08.12.2010 18:10:16
Znaete li sto znaci da se raboti so deca...ucitelkite vo gradinka kaj nas se mizerno plateni...a se sustina i baza za karakterniot razvoj na toa dete...momentalniot trosokna gradinkata po dete samo za hrana i za licna higiena e pogolem od toj sto se plaka...Uste pred 10 godini velev deka tie pari se malku, recisi nisto. Toa dete e tamu 8-10 saati, jade dva obroka koi veruvam deka cinat poveke od 50 denari na den zaedno...Bidete malku realni kolku pari bi bile potrebni ako toa dete sedi doma... i ne samo za trosocite, se raboti za investiranje vo karakter, licnost, idnina. gradinkite treba da bidat najdobro opremeni, ucitelkite visoko obrazuvani i dobro selektirani, tie ja sozdavaat idninata na drzavata...
Од: Petar
Датум: 08.12.2010 21:35:56
Скапо е 2000 ден.Во услови кога над 80% од приватните фирми доцнат со плати по 2 или повеќе месеци(јас сум во таква фирма) ќе дојде премногу.Но се ми личи ова на внатрекоалициска битка и инат отколку реална потреба за поскапување.Па државата и треба да дава субвенции на градинките, не само споменици да гради.
Од: Roditel
Датум: 08.12.2010 23:15:11
Ne razbiram kako na nekoi gospoda im bilo eftino odnosno malku pari.Pa kako so primanja od 6000 denari da se resat site trosoci.Sramota koga vo uslovi na vakva besparica i nevrednat trud nekoi pretpostavuvam skopski pareskovci propagiraat visoki ceni.Sto sporeduvate voopsto so privatni gradinki.
Од: ajde be
Датум: 09.12.2010 09:48:00
2000 денари на плата од 30000 илјади е ништо ама на плата од 15000 е ептен многу а што се однесува до дополнителните активности илитреба на сите деца да им биде овозможено да учествуваат или не треба да ги има на крајот , за тие активности има приватни градинки ДЕЦАТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛАТ СПОРЕД МАТЕРИЈАЛНАТА СОСТОЈБА НА РОДИТЕЛИТЕ
Од: Filip
Датум: 09.12.2010 10:06:10
1490 mkd e stvarno niska cena. No poskapuvanje od 33% e premnogu. Mozebi bi bilo dovolno da se odi so zgolemuvanje od 10% za 2011, pa potoa uste 10% vo 2012, i eventualno uste 10% vo 2013 godina. Sto se odnesuva do semejstvata so poniski primanja, drzavata treba da definira eden ili poveke pragovi (ili subvencii) za istite.

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
Марш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Импотентни и килави инспектори
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott