Дигитална смрт
Кампањата против сидата доживеа фијаско
Кампањата за борба против сидата „Дигитална смрт“ доживеа фијаско. Станува збор за кампањата во која многу светски ѕвезди го жртвуваа својот дигитален живот и се откажаа од своите профили на „Фејсбук“ и на „Твитер“, се' додека нивните обожаватели за борба против лошата болест не се соберат еден милион долари и „да ги вратат во живот“.
Иако ѕвездите беа уверени дека нивните обожаватели брзо ќе ги откупат, многумина се изненадија сфаќајќи дека донациите од неколку долари во хуманитарни цели се „преголем залак“ за нивните виртуелни следбеници. Исто така, сфатија дека нивните обожаватели очигледно не умираат од желба да ги читаат најновите детали од нивното секојдневје.
Така, со денови се „мртви“ профилите на ѕвезди како што се Лејди Гага, сестрите Кардашијан, Серена Вилијамс, Ашер, Лени Кравиц, Алиша Кис, Илаја Вуд, Џенифер Хадсон, Џастин Тимберлејк и многу други. Нивните фанови досега собраа само 300.000 долари од потребните еден милион. |