Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Марш на совеста

Александра М. Митевска

Многу енергија се излеа низ булеварот „Партизански одреди“ во студеното неделно попладне. Колоната граѓани што протестираа по скопските улици беше слика пред која не можат лесно да се затворат прозорците на Владата или на жолтата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Како што и звукот на сирената со кој беше означен почеток на маршот не може да се здуши туку-така - со лицитации за тоа колку луѓе и' се придружиле на опозицијата.

Во политиката два и два не се секогаш четири, како што и ретко кога формата е поважна од содржината. Тоа се лекции што власта ќе мора да ги совлада, соочена со опозицискиот револт. И тоа не затоа што прв пред својата колона „јаваше“ Бранко Црвенковски - „омилениот“ противник на премиерот Никола Груевски... Туку, поради тоа што опозицијата, која се' уште се третира од власта како млитава толпа транзициони политичари, овој пат успеа да покаже дека нешто навистина не штима во државата и дека константно високиот рејтинг на владејачките партии и апсолутната власт со која располагаат не се гаранција за благосостојба на граѓаните. Црвенковски, чија партија се' уште е во процес на консолидација, можеби скокна во ладна вода кога му ја сервираше на Груевски идејата за изборен двобој. Но, тоа не значи дека премиерот нема да се изгори ако едноставно го игнорира она што се случува надвор од владините одаи.

Сега е на потег власта или поточно нејзините водачи - Груевски и Ахмети. Пред нив, се чини, стојат по три опции: или навистина ќе се фатат за работа по „24 часа, седум дена во неделата“ - за да ги побијат аргументите на Црвенковски дека е неопходна брза смена на власта или ќе се договорат да ја прифатат „подадената“ рака за избори. Или, пак, можеби се подготвени да дозволат револтот да се излее низ улиците, како можност на која Црвенковски веќе ги предупреди, па, ако сакате, и почна да ја остварува - кога во неделата пропешачи неколку километри низ улиците на главниот град. Секако, постои и резервна опција - растурање на владината коалиција, само што прашање е дали ДУИ, чиј багаж станува се' пополн со т.н. лустрациски афери, моментно е подготвена на таков ризик, како што е и дискутабилно дали другите партнери на ВМРО-ДПМНЕ би се решиле да излезат од владиното јато, за да ја остават најголемата владејачка партија без мнозинство во парламентот?

Ако најавата од Штип дека СДСМ во декември ќе го стави на дневен ред прашањето за доверба на Владата можеше да се протолкува како обичен политички блеф, со иницијативата за распуштање на парламентот што беше поднесена завчера социјалдемократите нишанат директно во центар. Слично како што во 2008 година, но во различни околности, нишанеше Ахмети, кој тогаш ја постигна целта, за две и пол години подоцна веќе да не ја доживува како предизвик можноста за нови предвремени избори.

Впрочем, во изминатите две години се сменија многу улоги и многу приоритети. Црвенковски, кој во 2008 година како претседател на државата на цел глас ја советуваше ВМРО-ДПМНЕ да не влетува во изборна авантура, сега е главен иницијатор на уште едни вонредни избори. Но, ако во тоа време на државава лебдеше опасноста избрзани избори да ја загрозат евроатлантската перспектива на државата, блокадата на интегративниот процес веќе не е само опасност, туку е наша реалност, а со тоа и аргумент во папката со документи што ја испорачаа социјалдемократите завчера во парламентот.

Но, тоа не ја намалува одговорноста на лидерот на СДСМ за иницијативата што ја поведе. Откако ја фрли ракавицата, тој не може само да им каже на граѓаните „знаев дека Груевски нема да прифати изборно соочување“. Или ако избори, сепак, има, лидерот на СДСМ е должен да се избори барем за помало влијание на сегашната власт во новиот парламентот - за да не испадне најновата иницијатива само уште една опозициска авантура.


#
Статијата е прочитана 1663 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 07.12.2010 12:21:49
Branko ne se vpusta vo nesto vo sto ne e siguren deka ce uspee da go ostvari, Pred 1 godina situacijata bese poinakva no sega najgolem del od gragjanite na RM sogledaa deka Gebelsovata politika na Vladata e pogubna za drzavata i deka se ona sto Latas i iskompleksiranata baba Mirka go zboruvaat za Branko e samo laga i licna frustracija na ovie dvajca platenici. Podrskata sto sega ja ima Branko e golema i vo podem. Ovaa Vlada mora da padne sto pobrzo/
Од: Александар
Датум: 07.12.2010 12:23:50
И на самиот Црвенковски му е кристално јасно дека избори не може да има пред пописот и прочистувањето на изборните списоци, па затоа блефира со барањето за предвремени избори. Тој се обидува да ја обедини партијата, но сето тоа е привидно и привремено. Од анкетите, па и од митингот се виде дека дека и неутралните граѓани не го сакаат, а без нив нема победа.. Затоа треба што побргу да си замине. Тоа ќе биде најдобро за сите.
Од: Од еден човек
Датум: 07.12.2010 12:41:59
Промени треба. Но како да се убедам сам себеси со опција која никако да ја разберам. Со говор на омраза спрема ближниот, типична за излитен балкански лидер, поранешниот премиер и претседател апсолутно ништо не спомна како тој ќе ги реши истите проблеми што Груевски неможе да ги реши. Во случај на вонредни избори, што ако пак изгуби СДСМ? Кое ќе биде следното сценарио....улична непослушност? - Треба ли сега ВМРО да направи контра митинг? - Порака до сите политиканти и лекоумни граќани. Ова се опасни игри, размислете подлабоко. Најмалку нешто што и треба на државата е нестабилноста. Ова се последните игри на Бранко. Не бидете негови заложници.
Од: caki
Датум: 07.12.2010 13:01:22
Go preteravte,da bea 300 000 ljuge moze da se nareche marsh na sovesta vaka...g.Hari da e taka kako sto velite togash zoshto BC ima tolku mal rejting,zar ver.deka Latas i Mirka se prichina za toj fakt...pozdrav
Од: lopuza
Датум: 07.12.2010 14:57:16
Poleka be luge pa ne sme od mars padnati pa kako podobra opcija B.C da go glasame, koj narod spomenuvaat celo vreme deka e nezadovolen-onoj koj ne gi glasase 6 pati po red, onoj narod koj go ograbija. Kade se zaletale
Од: Vodno
Датум: 07.12.2010 16:26:00
G-dineCaki, vo triesettite godini od minatiot vek Gebels uspea da go zavede cel germanski narod protiv svetot , ova sto go pravi Mirka i Latas ne e nisto drugo nego zabluda deka cel svet e protiv nas, a celta e edna familijata da si go tovari magareto i pravac Ceska. Koga vmrovcite ce uvidat deka bile zloupotrebeni ce bide kasno, familijata nema da bide tuka. Dovolno bese intervjuto na B 92 kade se otkri ovcarot. Slikata vo svetot za nas e katastrofalna.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2010 17:58:17
Пак провејува стравот од залетот со предвремените избори,тука фигуративно опсервирани како,,скок во ладна вода,,.Но ние знаеме да бихаќкиот лидер е како оној од нашите детства,,Мечка има страв,јас немам,,и јуриш во нов пораз.Но сега со НАДЕЖ да овој не освои над 60 пратеника и опа сите топтан на една страна, власта осамена на другата.И еве тија власта на тацна тоа што по петти пат поразени диндер важно.
Од: Predvidliv
Датум: 07.12.2010 21:50:24
Dobra analiza iskazani se argumenti i za protiv.No, zasto nekoi se plasat. Ako Branko e izliten,ako si go potrosil kreditot, togas zasto se plasat lajacite.Takov Branko kako sto tie go pretstavuvaat ne e bas nikakva opasnost za niv i nivniot firer.Vo takov slucaj treba Branko da go falat,za da izleze na izbori i da gi zagubi.Ili e vo prasanje nesto drugo. Za zal i jas smetam deka vo ovoj moment ne e produktivno da se izleze na izbori. Ne deka izborite ce se izgubat tuku zatoa sto izborite ponovo ce bidat kupeni kako 2008 ili ne veruvate vo toa.Ako Grujo ne zali pari za razni spomenici i neproduktivni gradbi i go dovede narodot na rabot od ambisot, toj nema da zali za nikakvi pari za da gi kupi izborite.Grujo treba da se ostavi negovite da go izedat.,zasto ne e vo moznost na site vmrovci da gi vraboti i da im dava pari.familijata sepak od nesto treb ada zivee.Koskite za lajacite
Од: Antikvizator
Датум: 07.12.2010 21:54:53
Aj be na izbori. Ama ako pak izgubite, da se zakolnete deka najmalku 4 godini nema da ne` truete i dosagjate. Aman vise.
Од: yarkon06
Датум: 08.12.2010 10:56:08
Pocituvan Koleske, ubavo e sto se osvrnuvate na aktuelnite slucuvanja vo zemjava, kolku se izdrzani Vasite stavovi ne bi gi komentiral od nekolku pricini, no kje spomnan samo edna: Ve molam uste ednasprocitajte si go napisot i obrnete vimanie na : 1. млитава толпа 2. ладна вода 3. Или ако избори, сепак, има, kakvi ne nasi zborovi kakva konstrukcija na recenic? Kje mi bide milo ako se objavi komentarov i kje me raduva ako pocituvanata Novinarka mi odgovori licno ([email protected]). So pocit Yarkon
Од: ne e bitno
Датум: 08.12.2010 14:30:43
Ne znam, vo edna nomrlana demokratska zemja, vlasta gi zema vo obir mislenjata i kritike na opozicijata. Vo ovoj slucaj koga zileze tolku narod protiv vlasta, taa ako imam barem edno D od demokratija, treba da razmisli i da go smeni doseganiot kurs na vladeenje, a ne vednas da ima izbori-zasto tie sepak kostaat. Momentalno vlasta ja poistovetuva drzavata so nivnata partija i zatoa se e taka kako sto e. Vo toj sluchaj, najdobro bi bilo da se izbere pomalo zlo, a toa e SDSM, koga nema drug izbor. Vo Mk, niti Branko go pobedil Grujo, niti Grujo Branko, tuku doagale na vlast za da go kaznime onoj drugiot. Zatoa Mk e tamu kade sto e: nikade.
Од: Трпе
Датум: 08.12.2010 17:34:43
Портокаловите дпмне-овци треба да бидат срекни што македонскиот народ е совесен и кроток народ.Инаку нивната тортура е неиздржлива.Но се си има почеток и крај.А за Бранко што се думат,тоа е од страв.Би сакале и тие да имат таков лидер.Позади добриот коњ се крева јака прашина.Дпмне-овците за многу работи се лубоморни на опозицијата.Но од срам,простолук и лубомора не смеат да ја искажат својот неспособност.

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Импотентни и килави инспектори
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott