Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Сирија како нов Тајван за Македонија?

Големите играчи си водат тефтер кој како се позиционира во меѓународните односи, вели Денко Малески

Тамара Грнчароска

На добар пат ли е Македонија да и' се случи нов Тајван со гласањето за резолуцијата во прилог на Сирија во ОН и со средбата пред една недела на премиерот Никола Груевски со диктаторот на Зимбабве, Роберт Мугабе? И двете држави во меѓународни рамки важат за недемократски и од нив се дистанцираат многу поголеми и помоќни држави од Македонија.

„Оваа ситуција покажува дека се соочуваме со една опасна македонска надворешна политика, а тоа е да го загубиме својот компас, кој секогаш треба да покажува кон двете стратегиски цели на земјава, членство во НАТО и во ЕУ“, е ставот на поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески. Според него, доколку не се прави тоа, политиката може да се оцени како погрешна, при што за некоја ситна добивка се жртвува голема цел.

Надворешниот советник на претседателот Ристо Никовски вели дека признавањето на Сирија и гласањето за нејзината резолуција, всушност, е бранење на интересите на нашата држава. Според него, апсолутно нерелевантно во случајот е каква е внатрешната политика на сегашното сириско раководство. „Мислам дека тоа е работа на сирискиот народ и на главните меѓународни фактори“, тврди Никовски, според кого со Резолуцијата не се осудувало нешто конкретно, некој геноцид, злосторство, злоупотреба на власта во Сирија. „Не заборавајте дека Сирија беше последната земја која ја призна нашата држава под уставното име“, изјави Никовски.

Токму признавањето на Македонија со уставното име за Малески е пазарот што е направен со Сирија за да го добие нашиот глас во ОН, нешто што тој го оцени како мала добивка со голем ризик да се загуби многу повеќе. Тој смета дека воспоставувањето на дипломатските односи со Сирија, на некој начин, би можело да се спореди со признавањето на Тајван. „Иако се работи за други цели и последици, мотивот е ист – инстант-корист“, вели Малески.

Според негова оцена, признавањето од Сирија е храна за власта и шанса за прикажување успех, но е потег на штета на членството во НАТО и во ЕУ. Понекогаш, вели тој, доколку и' ви се нуди нешто, треба да се знае да се одбие доколку не соодветствува со стратегиските цели на земјата. Генерално, само признавањето на Сирија, според него, не е трагедија, но ако продолжи тенденцијата да одиме наоколу и да собираме ситни придобивки, ќе ја загубиме големата цел.

„Големите играчи си водат тефтер за тоа кој како се позиционира во меѓународните односи“, порачува Малески, додавајќи дека привилегијата да грешат и потоа да се исправаат или не ја имаат големите земји. „Малите земји, како што е нашата, имаат една многу тенка линија на движење и немаат право на големи грешки“, вели Малески. Тие мора да балансираат внимателно во интерес на големите земји, т.е. ако им се јави прилика да им се придружат - како што е членство во НАТО или во ЕУ - во таа насока да го водат бродот. Во ОН земјите кои стремеа кон НАТО и кон ЕУ се запознаваа со целите на големите земји и така гласаа. „Тоа го правевме и ние“, се потсетува Малески од времето кога беше амбасадор во ОН.

„Нам ЕУ ни беше репер. Имаше екстремни случаи, како што е Албанија, која секогаш гласаше согласно со политиката на САД, што за Тирана се покажа политички исплатливо. Ние си дозволувавме да се оддалечиме од САД, но се држевме со ЕУ, ни чекор повеќе“, вели Малески, додавајќи дека ако оваа сегашна политика стане правило, тоа ќе ги загрози стратегиските цели. Според него, во македонската приказна со Сирија или, пак, со Мугабе има и друга заднина. Доколку ние сме сериозни за НАТО и за ЕУ и пријателски разговараме со нив, смета тој, средбата со Мугабе би се толкувала како ширење на демократските вредности во таа земја, а не би личело, како сега, на случај на соединување на две автократии.

Сирија го навлече гневот врз себе со поддршката за милитантните палестински групи Хамас и Хезболах, на режимот во Иран и со мешањето во Либан. Таквото позиционирање на Сирија, контра интересите на израелската држава, всушност, значеше и конфронтација на Дамаск со интересите на САД во регионот, поради што Вашингтон го повлече својот амбасадор оттаму пред пет години и воведе санкции спрема земјата. Годинава во февруари Вашингтон, сепак, реши да ги одмрзне односите и најави повторно испраќање на амбасадор во земјата.

Мугабе, пак, и неговата влада се под ембарго од САД и од ЕУ од 2002 година откако одбија присуство на европски набљудувачи на изборите. Мугабе се обвинува и за задушување на демократијата во земјата и на слободата на медиумите. Тој владее со Зимбабве од 1980 година и за западните држави е диктатор што го поттикна крвавото одземање на земјата од белите земјопоседници. Македонија и Зимбабве немаат ниту дипломатски односи, ниту, пак, Хараре се изјаснил досега околу името на Македонија, па мотивот на средбата веројатно треба да се бара во тоа. (Т.Г.)




#
Статијата е прочитана 4256 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 07.12.2010 12:08:41
Uspesno nametnaa teza deka ne ni treba EU, ne ni treba NATO, do dusa i NATO I EU doprinesoa da se stvori negativna slika za niv, pa sega uste pouspesno ke ni nametnat teza deka nasa idnina e Sirija, Iran, Nevrzanite.....i koj ti uste ne. Taka ke uspeat da vladeat uste dolgo dolgo. Opozicijata ja znaeme koja e i kolku i se silite,a gore dole nekako se poveke izgleda deka si se vo tajna koalicija,pa taka imame Vlada koja glumi "ekspert" i opozicija koja glumi "nemok",pa dobivame slika deka ova sto go imame vo momentov e najdobroto nesto.Ne e taka,vreme e da se razbudime i da go pronajdeme kvalitetot kaj nas.
Од: ekspert
Датум: 07.12.2010 12:11:53
Sega mi stana jasno zasto od strana na Izraelskata drzava ne bese prifatena pomosta od strana na vladata na RM nocta koga od aeroport bea vrateni nekolku tima koi bea mobilizirani za da otpatuvaat za Haifa. Znaci i izraelcite gi svrtivme protiv nas,sega gospod neka i e na pomos na nasata zemja i nasite diktatori koi ne dovedoa vo ovaa derexe. Vie novinarite da ja ispitate ovaa informacija so koja se dokazuva deka izraelcite ne ene mirisat,od aerodrom bea vrateeni pripadniciet na direkcijata za zastita i spasuvanje ,ne bea primeni od izrael,isto akko grcija pred dve godini koga ne prifati .
Од: Glavni vinovnici za imeto
Датум: 07.12.2010 12:30:14
Kaj gi najdovte dvajcata glavni vinovnici, pokraj K.G., za sozdavanjeto na problemite so imeto na nasata drzava? Bi sakal da potsetam deka nie go prifativme baranjeto na SAD za izzemanje na amerikanskite gradjani pred Medjunarodniot Tribunal, za sto bevme strogo opomeneti od zemjite na EU! Kas popara!!
Од: sv diitrija
Датум: 07.12.2010 12:46:56
Abre da sum jas ,za da mu se osvetam na ovie EU lazni demokrati, prvo ke go posetam presedatelot na IRAN a posle HUGO CHAVEZ i tret na SEVERNA KOREA. A shto losho imame od niv - nishto a SHTO arno vidovme od EU i USA samoPonizuvanje .E bogami podobroe ako nevidam dobro ali barem tie ne ne PONIZUVAAT i UCENUVAAT.
Од: Trpe
Датум: 07.12.2010 13:27:55
Dajte napishite Konkretno koj kako glasal vo OON, ne e reper samo glasini i bosh muabeti.. a Rusija kako glasashe okolu Sirija ??? . pa i za Kosovo imashe duri od EU nekolku drzavi sto glasaa protiv ( USA).. .. toa sto se kontaktira so Mugabe nishto ne znaci, moze da se kontaktira i so vonzemjanci, toa e diplomatija..
Од: Itar Pejo
Датум: 07.12.2010 13:50:14
Koga Mk bi vodela principielna politika sosema bi bilo vo red da glasa za rezolucija protiv okupacija na del od teritorija na bilo koja drzava. Ovde se stavi na strana na golemoto mnozinstvo na clenkite na OON. No toa e totalna besmislica koga se pravi golem prijatel na Izrael. I koga praca vojnici da go okupiraat Avganistan i Iran. Toa se vika muva nez glava.
Од: USA
Датум: 07.12.2010 14:07:08
Pred nekoj den Hillary Clinton go brkala iranskiot minister za nadvoresni raboti za da razmenat nekoj zbor vo ramkite na edna konferencija na bliskiot istok. Toj elegantno ja odbegnal (vo dva navrati). Diplomatijata ima razlicen kurs od drzavnata politika.
Од: Do Risto Nikovski
Датум: 07.12.2010 14:28:06
Ako ne ne interesira vnatresnata politika na Sirija i Zimbabwe, togas, majkata, sto baravme nie vo Irak i sto barame sega vo Avganistan?!
Од: oko
Датум: 07.12.2010 14:37:44
Kako ovie dezurni "eksperti" imaat odgovor za sve....Pa sto loso ima ako se glasalo za nekoja si odluka....Pa vo Skopje se gradi muzej na HOLOKAUSTOT dali toa znaci deka sme vo "crniot tefter na Sirija" ... Bidete malku poprofesionalni.........Denko Maleski i slicnite si go kazaa svoeto ne mi e jasno zasto nivnoto mislenje e vazno.....
Од: taka e
Датум: 07.12.2010 14:48:41
Taka e. Se druzime so onie koi ni se bliski so politikata: Zimbabve, Kolumbija, Sev.Koreja,......a gi zaboraviv Hunzite i nivniot dvorec vo Pazlurci. Tamu ke se druzat so Gjole.A, kade e toj? Da ne zagina nejkade?
Од: deni
Датум: 07.12.2010 14:49:02
Ако не на запад сеа кога се мора одиме на исток..... Абе што не снашло нас граганите со ова политика, Господата можда се добри луге за нивните семејства . кој рекол дека се лоши ....... Во ОН не можат да си го решат својот проблем а допринесуваат за други ........Добра идеја така ние си живееме не знаеме што ни се случува дома па ај да видам кај комшијата прво ....па можете да замислите фативме ритам и одиме и кај комшиите што ни се во исток , заради нафта без пари можда ке ни даваат.....или пак злато , сеа златото можда ке ни ги покрива дупките во буџетот, а зошто да не па тоа да се искористи. Па ке има пари и за дополнителни милионски дрвца да се садат, ке има пари и камила споменик да има..... Со почит до сите читачи на Утрински
Од: јас (Прилеп) <-- jас
Датум: 07.12.2010 16:12:06
Овие недоквакани портокали , научени се од Македонија да прават непријател на цел свет.2001 го обравме бостанот и војна добивме поради глупостите на нивниот бивш војвода за кого и вени сечеја.Ќе видиме што ќе ни донесе ова со Сирија и сл.глупости со Зимбабве и компанија.Ама , секако НИШТО ДОБРО !!
Од: Johnny
Датум: 07.12.2010 21:10:09
Nekoi zlobnici so ironija prokomenyiraa deka nasiov premier otisol vo Zimbabve na skolo ka j nivniot pretsedatel.Naprotiv jas smetam deka Robert ima sto da nauci od ova nasevo Mugabe.
Од: Antikvizator
Датум: 07.12.2010 22:00:35
Jas ne vidov ni eden dogovor sklucen ili nesto slicno. Si razgovarale lugjeto, pa sto. Zabraneto li e? Togas ne trebalo da gi pokanat "diktatorite" na samitite. I kolku se samo smesni tvrdenjata deka go ucele kako da bide diktator. Maaaleee... A ednopartiskive "eksperti" se znae do kade ne` dovedoa. Imaa sansa i bea kreatori na politikata.
��д: девичанецот
Датум: 07.12.2010 22:35:49
Ако Денко случајот со Тајван го поистоветува со случајот со Сирија, тогаш нема што да се дискутира. Самиот, од професор, се става во улога на првоодделенец во надворешната политика
Од: Паце
Датум: 07.12.2010 22:45:15
ЕКСКУРЗИЈАТА со тајван многу скапо ја чинеше нашава држава. Овие нови екскурзии со Сирија, Зимбабве и можеби и некои други диктаторски држави, ќе не чинат уште поскапо. Секогаш кога ВМРО се на власт во отсуство на знаење, умешност и немање на компетентни кадри, влегуваат во некој нивен виртуелен филм и прават екскурзии кои после скапо ќе ги плаќаме
Од: R.R.
Датум: 08.12.2010 11:46:03
Ne moze da se ima predvremeni izbori zatoa sto malkumina se tie sto se nezadovolni od vlasta.SDSM znae deka nema sila,samo kreva prasina.
Од: Nenad
Датум: 08.12.2010 15:44:50
Rado bi go zamenile priznavanjeto od strana na Sirija i Zimbabve so priznavanja od clenki na EU. Nie morame da se borime za nasite interesi i go pozdravuvam ovoj poteg. Utre mozebi vladata vo Sirija i Zimbabve ke se promeni a priznavanjeto na Makedonija ke ostane. Sakame uste priznavanje za konecno da odime na glasanje vo generalnoto sobranie vo ON. So dve tretini od glasovite vo ON ke bideme Republika Makedonija.
Од: Zarko
Датум: 08.12.2010 21:05:38
Komentarite od tipot "sekogas treba da glasame so EU i SAD" se infantilni. Se razbira, koga bi napravile pak nesto kako priznavanjeto na Tajvan, toa bi bilo seriozno. No glasanje so Sirija za rezolucija koja pomina so ogromno mnozinstvo (na tema za koja, patem receno, se soglasuvaat i mnogu Izraelci)- ne sum siguren kolku toa ke ni go popreci naseto EU integriranje. Spored mene, trampata priznavanje po ustavno ime- glasanje za rezolucija e dobra za MK.
Од: Бабунец
Датум: 09.12.2010 00:01:37
Има една народна поговорка ,,Кога рајот не те сака, пеколот задник дава,, НЕСРЕЌАТА НАША НЕ Е ВО ЛОШАТА ВНАТРЕШНА СИТУАЦИЈА, НИТУ ВО ЛОШО ВОДЕНАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИА, ТУКУ ВО ФАКТОТ ШТО БРОЈЧАНО КАКО НАРОД СМЕ МИНОРНИ, ЕКОНОМСКИ СЛАБИ, ВОЕНО НЕЗБЕЛЕЖЛИВИ И НА СЕТО ТОА ДОДАЈТЕ ГО РАЗНОГЛАСИЕТО НА ЕТНОСИТЕ, КОИ СЕКОЈ НИЗ СВОЈОТ НИШАН ГИ ГЛЕДА НЕШТАТА. А да биде трагедијата поголема, имаме соседи со исклучителна лакомост и болни големодржавни претензии. Во политиката е како во шаховската игра. Некогаш ќе се жртвува коњ за пион, ако тоа води до изле�� од блокадата и поразот.
Од: cd
Датум: 09.12.2010 04:41:08
bravo !!!!!!!! nenad !!!!!!!!!!! samo da dodam evropa i nato non stop ni kazuvat DEKA MORAME DA GO RESIME PROBLEMOT SO IMETO !!!! sto znaci od niv podrska nemame i morame sami da go najdime resenieto !!!!!!!!!
Од: kristo
Датум: 09.12.2010 08:03:20
Kakvo NATO kakva EU be pis katrane, dodeka ne go smenime imeto i ne se vikame TUNGUZIJA i vrapcinjata znaat deka tamu ne ne sakaat, a ima edna pogovorka koja vika kade sto te sakaat sedi a kade sto te tepaat begaj.

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
Марш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Импотентни и килави инспектори
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links