Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Наука

Илјада и една бессона ноќ

Лекарите најчесто препишуваат т.н. терапија за хигиена на спиењето, како избегнување стимуланси и алкохол, регулирање на времето на легнување и станување и користење на креветот само за спиење и за секс. Но, во денешната култура тешко се спроведува тоа во практика

Во кусата сторија на Ернест Хемингвеј „Сега се лажам себе“, Ник Адамс, алтер его на авторот, станува ноќе слушајќи ги свилените буби кои се хранат со листови од дудинка пред неговиот воен шатор во Италија. Хемингвеј имал толку тешка несоница што бил исплашен да легне со изгаснати светла. Тој се борел со бессоницата целиот остаток од животот, иако ова прашање често пати било тешко да се оддели од неговите други заболувања - тешка депресија, хроничен алкохолизам и дијабетес. „Не сакав да спијам“, пишува тој „бидејќи долго време живеев со сознанието дека ако некогаш ги затворам очите во темница и се олабавам, мојата душа ќе излезе од моето тело“.

Спиењето и смртта одамна се испреплетени, а античките Грци направиле интересен родопис за да го објаснат тоа. Никта, божицата на ноќта, родила машки близнаци: Хипнос (спиење) и Танатос (смрт). Хипнос бил татко на Морфеј, богот на соништата, кој живеел опкружен од булки со опиум, што давале сон. Грците не биле многу заинтересирани за спиењето само по себе, туку за неговиот магичен производ: соништата. Тие оделе на аџилак во специјални „храмови на сонот“ каде што, откако нуделе жртва и се капеле во свети води, им се јавувало лековито блаженство во спиењето, лекувајќи се' што ги мачело.

Кинезите верувале во две различни души - По и Хун - кои го претставувале физичкиот и духовниот свет. Хун, која може да се оддели од телото за време на спиењето, често пати ја посетувала земјата на мртвите, од каде што носела вести за покојните предци.

На крајот од 19 век, несоницата била прикажана како ужасно измачување што често пати водело до самоубиство. Се верувало дека ноќе се произведува нешто наречено „нервен флуид“, и ако некој не добивал доволно количество од тоа, нервите би станале „абнормално чувствителни и иритирачки - речиси како да се празни“, а жртвата би полудела.

Иако имаме многу сознанија за спиењето, ако денес запрашате некој страдалник од несоница да ги опише симптомите, можеби ќе добиете слично објаснување. Според Националниот центар за истражување на нарушеното спиење, од 30 до 40 отсто од возрасните Американци се соочуваат со наизменични налети на несоница во текот на една година. Од 10 до 15 отсто пријавуваат хронични симптоми. Тоа се многу надразнети нерви.

Но, кога некој ќе рече „не спијам“, што мисли точно? Ако има фатална семејна несоница (ФФИ), тогаш зборува за состојба која на крајот доведува до смрт. Нема лек. ФФИ е предизвикана од насобирање абнормални протеини наречени „приони“ во таламусот - дел од мозокот што ја контролира регулацијата на спиење. Болеста вообичаено започнува на возраст меѓу 40 и 60 години и нејзин прв симптом е прогресивна несоница. На крајот, личноста паѓа во кома и починува од последиците на неспиење. Бидејќи ФФИ е екстремно ретка болест, повеќето луѓе кои се жалат дека не можат да спијат вообичаено мислат дека всушност спијат, но не доволно долго или доволно длабоко. Можеби причина е загуба на работното место или развод, и во такви случаи несоницата вообичаено се надминува со текот на времето. Кога несоницата е симптом на основна депресија, комбинацијата од терапија и антидепресиви може да помогне. Дали пациентот ’рчи? Тоа би можело да биде знак за прекин на дишењето при спиење, при што може да помогне апаратче за дишење или некоја стоматолошка направа.

Несоницата е необично заболување во кое пациентот, исто така, е главниот дијагностичар. Американската академија за медицина на спиењето препорачува испитувања во текот на ноќта на сите луѓе што се жалат на спиењето. Ако ви речат дека имате несоница, што секако знаете, што може да се направи? Често пати лекарите за спиење ќе препишат терапија за свесно однесување, што подразбира група правила за „хигиена на спиењето“, како избегнување стимуланси и алкохол, регулирање на времето на легнување и времето на станување, и користење на креветот само за спиење и за секс.

Иако теоретски „хигиената на спиење“ има логика, во денешната култура, која не дозволува време за релаксирање, тоа тешко се спроведува во практика. Ние сме постојано на компјутери и потоа се дружиме со нашите „блекбери“. Нашите деца се уште похиперактивни, комуницираат со текстуални пораки и по времето н�� легнување, иако денес дури и концептот за „легнување во кревет“ звучи старомодно.

За да надоместат што се толку уморни наутро, тие консумираат храна со кофеин, пијат енергетски пијалаци или голтаат „адерал“ и „риталин“. Национална студија од 2005 година, предводена од истражувачки тим на Универзитетот во Мичиген, покажа дека 7 отсто од студентите на колеџ користеле препишани стимуланси за немедицински цели во текот на животот, а 4 отсто ги користеле во изминатата година. Кај група ученици од средното и од високото образование недозволената употреба на стимулативни лекови изнесувала 4,5 отсто.

Како што забележува Метју Волф-Мее, антрополог, „ако општеството не може да одмора, како може да спие?“ За да се справат со она што тој го нарекува наша „култура на исцрпување“, Американците трошат речиси 24 милијарди долари годишно на производи и услуги поврзани со спиењето, купуваат душеци од 5.000 долари и софистицирани звучни машини што симулираат сурфање или црцорење на птици. До 2012 година, се очекува пазарот на лекови за несоница да се зголеми за 78 отсто, и да изнесува речиси 3,9 милијарди дола��и. Меѓутоа, пилулите за спиење обезбедуваат само дополнителни 11,4 минути спиење во однос на плацебо-лековите, и го нарушуваат формирањето меморија, а како резултат на тоа луѓето понекогаш забораваат колку лошо, всушност, спиеле. Некои лекари за спиењето велат „што има лошо во тоа? Ако луѓето сметаат дека нивното спиење е подобро, тие ќе се чувствуваат подобро“. Тоа ми звучи како логиката на „Алиса во земјата на чудата“.

Не можам да се сетам на некој поразличен на бескрупулозниот Хемингвеј од Мајкл Џексон, иако и тој, исто така, страдал од хронична несоница. Може да се замисли притисокот под кој се наоѓал Џексон, подготвувајќи се за напорната светска турнеја со тажниот претскажувачки наслов „Тоа е тоа“. Со текот на годините, пилулите за спиење и другите средства за смирување ја загубиле нивната ефективност дотаму што тој барал неговиот лекар да му дава силен анестетик „пропофол“, што подоцна се покажа како важен фактор за неговата смрт. Џексон го нарекувал негово „млеко“. Има нешто ужасно тажно кога некој сака толку многу да спие што е решен за болнички анестетик наместо старомодниот седатив - чаша топло млеко.

Но, можеби сме далеку од такви домашни лекови. Живееме во стресно време. Некои би рекле дека тоа не е ништо ново. Луѓето бараат начини да поттикнат она што Шекспир го нарекувал „медна роса на дремката“ се' додека можат да собираат лековити билки. Афионот се спомнува на сумериските табли од глина што датираат од 3000 година пр.н.е.

Малку знаеме за начинот на кој спиеле предисториските луѓе, но додека тие се собирале заедно во пештерите веројатно биле загрижени дека ќе ги изедат огромни мечки. Сега легнуваме на рачно дотерани душеци со коњски влакна од 22.000 долари и сме загрижени дека напаѓачи во долна облека ќе ги разнесат нашите авиони. Затоа, вечерва многумина од нас ќе бидат будни, слушајќи ги свилените буби на нашите скапи звучни машини, исплашени дека нашите души ќе не напуштат, исплашени дека немаме души, исплашени дека со секој одминат ден, тоа е тоа.
(Интернешенел хералд трибјун)

Не сакав да спијам бидејќи долго време живеев со сознанието дека ако некогаш ги затворам очите во темница и се олабавам, мојата душа ќе излезе од моето тело
Ернест Хемингвеј


#
Статијата е прочитана 1388 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Фијаско на реформата за администрацијата
Дигитална смрт
Марш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Импотентни и килави инспектори
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott