|
|
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за избори
(09.12.2010г.-09:41ч.) Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа одлучи да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори бидејќи, како што истакнуваат, во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да ја дефокусираме енергијата насочена кон спроведувањето на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси“.
|
#
|
Статијата е прочитана 727 пати.
|
|
|
|
|
|
|
|