Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Фијаско на реформата за администрацијата

Парламентарното мнозинство не успеа да обезбеди 80 гласа за системскиот закон што ја регулира организацијата на државната управа

Катица Чангова


Реформата на администрацијата доживеа фијаско во Собранието. На вчерашната седница владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеа да ги обезбеди потребните 80 гласа за системскиот закон што ја регулира организацијата на државната управа. Иако во дебатната сала се појавија и Али Ахмети и Фијат Цаноски, или вкупно 79 гласачи, сепак, тоа не беше доволно за визирање на измените што отвораат пат за создавање мамутско Министерство за информатичко општество и администрација.

Предлогот предвидуваше ресорот што сега го води Иво Ивановски да има ингеренции и во телекомуникациите и во радиодифузијата. Законот не мина и при поединечното гласање што го побара пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Новините што се пресериозни, а преку ноќ, по скратена постапка беа сервирани во парламентот, добија многубројни критики од експерти, од опозицијата, но и од Брисел.

Огромното задоволство од тоа што законот не го доби потребното двотретинско мнозинство опозицијата, облечена во жолти маички, го манифестираше бурно, бучно и еуфорично, со аплаузи во собраниската сала.

Поради ваквиот (не)очекуван тек на настаните, спикерот Трајко Вељаноски мораше да се снајде, а тоа го направи прескокнувајќи ја, исто така, важната точка поврзана со претходниот проект, измените на Законот за државни службеници за чие визирање се потребни 61 пратенички глас.

Како што дознава „Утрински весник“, ваквиот пораз во обезбедувањето мнозинство во Собранието воопшто не ја обесхрабри власта за да преземе неочекуван чекор. Вчера доцна попладне во архивата на законодавниот дом е заверен истиот предлог системски закон, но разликата е во тоа што како предлагачи се потпишани пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, а не Владата и Министерството за правда. Можно е, дознаваме, новото гласање за измените на Законот за државна управа да се најде на собраниската седница што се планира за овој четврток.

„Измените на двата закона, за државна управа и за државни службеници, нудат катастрофални решенија, бидејќи обезбедуваат правен механизам за натамошна политизација и партизација на администрацијата. Со првиот закон се прави упад во структурата и во организацијата на управата и се опструира процесот на реформа на јавната администрација. Со вториот закон, меѓу другото, се прави терен за партиски вработување и за отпуштање на неподобните државни службеници“, коментира Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет. Додава дека од 2008 година наваму не се случило власта да нема мнозинство за системски закон.

Тоа, според Павловска-Данева, е сериозен пораз за власта. „Целосно се дискредитира министерот за правда, Михајло Маневски, кој го подготви законот, но и подносителот Никола Груевски како претседател на Владата. По се' изгледа, ќе мора да преговараат со коалициските партнери“, заклучи професорката на Правниот факултет. Таа смета дека владејачката гарнитура сама си ги врза рацете, дека се заплетка во брзањето, а залудно беше инсистирањето за скратена постапка. Според неа, треба да поминат неколку месеци пред законот одново да влезе во процедура. Од собраниските служби, пак, велат дека не постоеле ниту деловнички ниту уставни пречки за ставање на предложениот закон повторно на седница.

И невладиниот сектор вчера со критики за инсистирањето на владејачкото мнозинство набрзина да се донесат два закона во скратена постапка. Во најмала рака тоа е скандалозно и крајно несериозно ако се има предвид дека станува збор за севкупната реформа во администрацијата, сметаат од Институтот отвор��но општество. Оттаму нагласуваат дека законите не се логично поврзани со процесот на изготвување на предлог-стратегијата за реформата на јавната администрација што, исто така, се одвива паралелно на овој процес. Затоа предлагаат стратегијата да се разгледа и да се усвои од Собранието, а двата предложени закона да се повлечат од собраниска постапка и да се вратат на доработка. Процесот на реформа на администрацијата да не му се доверува на Министерството за информатичко општество, со оглед на слабите капацитети и несоодветната организациска поставеност во однос на другите министерства. Од Фондацијата отворено општество предлагаат да се разгледа можноста реформата да ја води Агенцијата за државни службеници како независно тело, а јакнењето на нејзините надлежности да биде приоритет.


#
Статијата е прочитана 2645 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 07.12.2010 12:25:35
Za ova ne e kriva vlasta, tuku narodot. Samo ogranicheni luge mozat da sakaat da rabotat vo takva edna adminsitracija, ne razmisluvajki deka, eden den taa ke se kastri i ke ostanat na ulica, nekvalifikuvani, vo niedno vreme. Zatoa trebase da im se pridruzat na protestantite vo nedelata, da bide masovnosta i nezadovolnosta od politikata na vladata pogolema. Administrativci, pogledajte od povisoko i poshiroko. Takvata sostojba nema da trae mnogu godini.
Од: Trpce
Датум: 07.12.2010 13:32:37
ako SDSM glasal protiv, toa znaci deka ne e kadar da dobie izbori... inaku bi go podrzal zakonot, za koga ke se vrati na vlast da iscisti prostor za svojot partiski kadar... pa zarem badiala akaat lugeto po razni mitinzi i se butkaa i so policija ( vo A1) ??
Од: Трпе
Датум: 07.12.2010 15:20:11
Ако овие закони за реформи во администрацијата не беа донесени вчера.Со инает на сегашната диктаторска власт и прврзаници со портокалови очила за кратко време ке бидат донесени.Но народот што си бараше и тоа си го пронајде.Кој му е виновен што е кратковид и никако не сакат да си го променат диоптерот на очилата.Но како што е познато ништо не е вечно.Без разлика што овие неписмените ке се стекнат и со дипломи од високо образование.Не треба после да кажуват дека незнаеле или убаво не разбрале.Абрее македончее за каде се спреемаа��аш......
Од: Крал Марко пп
Датум: 08.12.2010 02:23:16
И без да се заканите познато е дека ќе избркате се што можете од работа тоа е вашиот стил на владеење. Погледнете кон минатото и ќе видите фирми загубари, фирми под стечај и тн. Затоа народот не ви ја дава власта и така имаме мн невработени не мора за ваши лични интереси да ја зголемувате армијата на невработени.
Од: Анче
Датум: 08.12.2010 11:05:37
На позицијата и требаше еден глас. Но запрашајте се драги мои колку и треба на опозицијата за да ја постигне сопствената цел? И доста тропате празна слама, ќе помине вториот пат.
Од: snajper
Датум: 08.12.2010 15:20:06
koga na grujo i branko ne im odgovara da se donesi zakon od vaznite koi se na listata na EU, togas odma se inscenira kriza za da ne se izglasa zakon.

Најди! во Утрински
Насловна
Предвремени избори се ризична игра за СДСМ
Жешки дебати во Владата за поскапувањето на градинките
Тиквешански
Сирија како нов Тајван за Македонија?
Дигитална смрт
Марш на совеста
Харадинај пуштен од Хаг поради бремената сопруга
Армани од нашиот сокак
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Секоја насмевка на Миа е голем подарок за мене
Девственост изгубена на 14 години
Лигата на шампионите заврши со групите
Илјада и една бессона ноќ
Импотентни и килави инспектори
Стил
Сталин, наш современик
Пастрмката слободна во Радика и во Дебарско езеро
Карикатура
ВМРО-ДПМНЕ не гледа причини за предвремени избори
 

Kosovo citizens vote in first parliamentary elections
Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott