По 3.500 евра бонус за секој вработен
Познатиот германски производител на автомобили „Ауди“ соопшти дека на вработените во своите фабрики низ Германија ќе им исплати бонус по 3.500 евра, за што се обезбедени 97 милиони евра.
Без оглед што 2009 година беше една од најтешките за автомобилската индустрија, „Ауди“ одлучи да не ја напушта досегашната практика за наградување на своите вработени. Раководството на компанијата смета дека изминатата фискална година е завршена со релативно добри резултати, бидејќи продажбата за возила опаднала само за 5,4 отсто. Во изминатата година „Ауди“ успеа да продаде 949.700 возила. (Ек.Р.)
|