Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Владата не попуштa за стечајците

Груевски вели дека неговата Влада остварила се' што им ветила на стечајците

Маја Томиќ


Се' што им ветила Владата на стечајците досега било исполнето. Ова вчера го изјави премиерот Никола Груевски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничкото прашање на Весна Бендевска од СДСМ за тоа

дали Владата е подготвена да го реши материјалниот статус на стечајците, што им го вети пред две години.

„Јасно ветивме дека ќе донесеме Закон за стечајците, го донесовме. Со него, за сите стечајни работници со над 25 години работен стаж, а кои се од фирми што во моментот на пропаѓање биле во државна сопственост, е обезбедено месечно обесштетување од околу 6.000 денари се' до пензионирањето. Она што беше ветено, беше и остварено, околу 4.000 стечајци го остварија ова право“, рече Груевски и додаде дека сегашните протести се за обесштетување на лица кои ја изгубиле работата во приватни фирми. Тој потсети дека парламентарниот состав од 2002 до 2006 година го донел, а тогашниот претседател Бранко Црвенковски одбил да го потпише законот за стечајци. „Потсетете се на тој момент пред да барате виновници, како и на моментот во чие време на транзиција овие претпријатија станаа стечајни фирми“, додаде Груевски.

Додека траеше седницата, пак, пред Собранието беше собрана група стечајци од Здружението УНИТ, кои чекаа да го слушнат епилогот од расправата и да видат дали опозицијата ќе прашува за нивните барања и дали евентуално Владата ќе понуди одговори.

Пред седиштето на СДСМ, пак, протестираа стечајци кои се нарекуваат жртви на транзицијата и кои го изразија своето незадоволство од притисокот од опозицијата и од Бранко Црвенковски. Според Воислав Тодоров од „Жртви на транзицијата“, Црвенковски ги заборавил стечајците, а сега се труди да прави безредија во државата, со цел да дојде на власт со лажни манипулации. „Да го потсетиме дека нема да го заборавиме злото што ни го направи, останавме без пари“ рече Тодоров.

Освен двете групи стечајци, околу Собранието и во паркот „Жена-борец“ , имаше засилено полициско обезбедување, веројатно за да не се повтори инцидентот од пред еден месец, кога на дневен ред беше Законот за стечајците.

Стечајците од УНИТ бараат државата да ги обесштети, бидејќи не заминале доброволно од работа. „Државата е должна да не' згрижи, бидејќи сме истерани од фирмите. На премиерот му порачувам да не си игра со оваа група работници. Ќе одиме во домовите на министрите. Ќе ги снајдат социјални безредија како оние во Грција и во Франција, овие луѓе се спремни на се' “, рече претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска, додавајќи дека е срамно што досега со Закон се згрижени само 960 лица, а останатите 5.000 се на улица. УНИТ бара за лицата со 15 години работен стаж, за жени со над 50 години, а за мажи со над 53 години, месечен надоместок од околу 6.000 денари до пензионирањето или до ново вработување.


#
Статијата е прочитана 503 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 30.07.2010 07:44:01
Политиката еаздели па владеј, продолжува и понатаму.Целиот народ да го спротивстави еден напротив друг? Ке прави касти во државата...оние привилегираните со ДПМНЕ книшки и останатите...ОООПС властитутките не се земени во обзир...тие се на пазарот на проституирањето...
Од: od mene
Датум: 30.07.2010 10:21:46
Dali moze gospogjata Georgieva da go popravi jazikot na koj zboruva, zosto mi treba napor za da gi razberam nejzinite maki. Znaci prvo na kurs za literaturen jazik
Од: Тебе до мене
Датум: 30.07.2010 10:47:39
А да си го замолиш коалициониот партнер Ахмети да го поднаучи македонскиот јазик?Во голема љубов сте,ќе те послуша!

Најди! во Утрински
Економија
Долгот за струјата на рати
Ништо од пократка работна недела?
Почина еден од газдите на трговското чудо „Алди“
Индустријата со пораст, ама отпуштањата не престануваат
НБМ
По 3.500 евра бонус за секој вработен
По 100 години, отворена нова банка
Еврото расте во однос на доларот
Србија доби нов гувернер