Банкарскиот сектор успешно им одолеа на налетите на кризата, покажува најновиот извештај од Советот на Народна банка на Македонија. Сепак, оттаму предупредуваат на можни ризици по економијата годинава како резултат на последиците на кризата.
„Во претстојниот период главни ризици за финансиската стабилност се поврзани со брзината на закрепнувањето на нашите главни трговски партнери и состојбата на јавниот долг кај овие економии. Особено значење има можното прелевање на помалиот обрт и намалената ликвидност на домашните економски субјекти врз пазарот на труд, што може да предизвика натамошно зголемување на ризиците за банкарскиот систем“, информираат од НБМ.
Централната банка смета дека, имајќи ги предвид потенцијалните канали на прелевање на негативните ефекти меѓу одделни сегменти во македонската економија, вклучително и финансискиот систем во целина, клучен предуслов за зачувување на финансиската стабилност е одржувањето на макроекономската стабилност. (А.С.)
Дај боже што не потпаднаа под влијание на забеганиве од власта и добро си ја обавуваат работата.
Од: jovan
Датум: 30.07.2010 10:11:51
Kaj nas vo najgolema opasnost e stopanstvoto,a krivecot za ova si se samite tie.Nesposoben menandzment,bez idea,se uste nepotizam t.e so svoj luge da rabotele,a na kraj kriva im e drzavata i bankite.Takviot nacin na rabota i svakanja trebase poodamna da svatat deka neproaga na pazarot kade konkurencijata e ogromna,i se"lovi"se sto e vredno i sto moze da doprinese vo razvojot na edna firma,proizvod,ponuda..NBRM blagodarenie na bankite(koj se stranski poveketo)koj ne im davaat pari na stopanstvenicite tuku taka,kako porano,uspea da go zacuva stabilen denarot,bidejki so toa stopanstvoto e vo"kolaps"i skoro nisto ne investira,ne trosi.Za vozvrat pa ima dosta prilivi od iselenicite koj vo momentov go"prezasitija"devizniot pazar.No ovaa"povolnost"(cmaenje)nema da trae dolgo,a i bankite nema da izdrzat dolgo so kamatite sto im gi plaka Grujo,t.e narodot nema da moze uste dolgo da gi "finansira"bankite,pa ke pocne tek togas se da se rusi ako na vreme ne se promeni ekonomskata strategija.