Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Индустријата со пораст, ама отпуштањата не престануваат

Отпуштањата во индустријата продолжиле и во јуни годинава, и покрај тоа што обемот на индустриско производство во истиот месец покажа раст, и тоа за 5,4 проценти. Но, и покрај ваквиот охрабрувачки сигнал во индустријата, во тие компании не престанува намалувањето на бројот на работниците, кое трае во континуитет, а во јуни изнесуваше 5,3 отсто.

Домашните статистичари пресметале дека бројот на работници во секторот вадење руди и камен е намален за 2,3 отсто, во преработувачката индустрија падот е за 5,9 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода намалувањето изнесува 0,5 отсто.

Според експертите, фактот дека продолжуваат отпуштањата во индустриските компании и во јуни и покрај фактот што во тој месец индустријата, конечно, забележа благ пораст, доволно говори дека нема премногу простор за олабавување, односно оти состојбата е далеку од некое посериозно економско закрепнување.

Дека и оваа 2010 година е лоша за работниците, а особено нејзиното прво полугодие, доказ е и податокот што бројот на работниците во индустријата во првите шест месеци, односно во периодот јануари-јуни 2010 година, во однос на истиот период лани, бележи намалување од 6,8 отсто. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 355 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 30.07.2010 11:09:07
Резултатите веднас се осетија, се гледаат. Мизи Асан да ти бајам!
Од: Легализирајте ја тревата
Датум: 30.07.2010 12:46:27
Индустријата со пораст, ама отпуштањата не престануваат... особено на новинарите.

Најди! во Утрински
Економија
Владата не попуштa за стечајците
Долгот за струјата на рати
Ништо од пократка работна недела?
Почина еден од газдите на трговското чудо „Алди“
НБМ
По 3.500 евра бонус за секој вработен
По 100 години, отворена нова банка
Еврото расте во однос на доларот
Србија доби нов гувернер