Домаќинствата, малите бизниси и индустриските корисници ќе можат заостанатиот долг за потрошена електрична енергија кон „ЕВН Македонија“ да го платат во целост без камата или на рати, одлучи компанијата.
Како што информираат оттаму, домаќинствата од 1 август до 1 ноември годинава ќе може да го платат заостанатиот долг во последните 12 месеци во целост без камата или на рати со камата во зависност од висината на долгот. Малите бизниси и индустријата во овој период ќе може да го платат заостанатиот долг во последните 36 месеци.
„За долгот направен во последните 12 месеци, домаќинствата имаат можност да потпишат договор за плаќање на долгот во целост, при што нема да се пресметува камата и договор за плаќање до 6 рати, при што за долг од 4.001 до 8.000 денари може да се плати на две рати, од 8.001 до 12.000 денари на три рати, од 12.001 – 16.000 денари на четири рати, од 16.001 до 20.000 денари на пет рати и долг над 20.001 денар ќе може да го платат на шест рати“, наведува во соопштението „ЕВН Македонија“.
Малите бизнис-потрошувачи, пак, заостанатите долгови за електрична енергија не постари од 36 месеци можат да ги расчистат со договори за плаќање во целост без камата и до три рати со камата, и тоа за долг од 10.001 до 20.000 денари на две рати, а над 20.000 денари на три рати.
Поволност, наведуваат од компанијата, за индустриските корисници е доколку го намират заостанатиот долг во целост, нема да им биде пресметана камата за задоцнето плаќање. Спогодбите за домаќинства и за мали бизнис-потрошувачи се склучуваат во приемните канцеларии на сите Кориснички енерго центри (КЕЦ) на „ЕВН Македонија“. (МИА)
Malku dobra vest, no najgolema koris k'e imaat onie koi imaat pari...za da ja izbegnat kamatata...siromastijata i taka go krka na sekoj nacin...
Од: remi
Датум: 30.07.2010 08:04:42
Strujata shto ni e neophodna za zhiveenje e skapa,,,za nashite sogragjani a da platat za mobilni telefoni po 100 Evra po familija ne gi preçi,,,,,ajde bre lugje,,,,