Еврото вчера достигна највисока вредност во однос на доларот во пос��едните три месеци. Причините за тоа се согледуваат во сомневањата за трговската моќ на САД и показателите за подобрување на економската моќ во Европа. Еврото вчера беше појако за 0,6 проценти и се менуваше за 1,307 долари, што е негова најголема вредност од 4 мај годинава. Поттик за раст даде песимистичка оцена на американските федерални резерви дека економијата на САД ја изгубила силата кон средината на оваа година. Истовремено дојде до пресврт во економските показатели во 16 земји од еврозоната и намалување на стравувањата од последиците од должничката криза. (МИА)
I Evroto i Dolarot pagaat vo sporedba so drugite valuti(Svajcarskiot i Canadskiot,posebno,da ne zborime za zlatoto),a odnosot pomegu Evroto i Dolarot e relativno, denes Evroto pojako od Dolarot,Utre obratno.Rabotata e sto i dvete valuti gubat od vrednosta,barem sega za sega.