Србија доби нов гувернер
Српскиот парламент го назначи вчера Дејан Шошкиќ за нов гувернер на централната банка, откако претходно националната валута, динарот, падна на најниско ниво во однос на еврото. Сите 129 пратеници, кои присуствуваа на седницата, ја поддржаа кандидатурата на Шошкиќ, поранешен раководител на надзорниот совет на НБС. Четириесет и тригодишниот финансиски експерт и професор на Економскиот факултет во Белград ја презема функцијата од Радован Јелашиќ, кој претходно поднесе оставка. (МИА) |