Казни за 73 лица оти не платиле патарина
Седумдесет и три лица ќе треба да платат по 200 евра казна затоа што се обиделе да ги поминат патарините во земјава без да платат. Злоупотребата на патарините била забележана во периодот од 30 април до 6 мај годинава, од страна на Државниот инспекторат за транспорт и на МВР. Акцијата била спроведена на пунктовите во близина на наплатните рампи кај Романовце, Глумово, Тетово, Петровец, Миладиновци и Желино. Во согласност со Законот за јавни патишта, лицата за кои е констатирано дека не го платиле надоместокот за користење автопат се санкционираат со изрекување глоба во износ од 200 евра. Казната треба да ја платат во рок од 8 дена од извршувањето на прекршокот на законот. Во спротивно, за нив се поднесува барање за поведување прекршочна постапка. |