Во Албанија запленета дрога од Македонија
ТИРАНА - Албанската полиција заплени седум килограми хероин, за кој постои сомневање дека е прошверцуван од Македонија, а крајна дестинација била Грција.
Дрогата е откриена во околината на градот Либражд, во близина на преминот Ќафасан, на македонско-албанската граница. Во акцијата спроведена во неделата вечерта се приведени тројца членови на албанско семејство од Либражд, а се откриени и машини за пресување дрога, соопшти портпаролот на албанската полиција, Клодијан Бранко. Приведените биле следени повеќе од два месеца, а според првичните информации, тие се дел од меѓународен шверцерски канал на наркотици. (Макфакс) |