Двајца ранети при пукање во Грчец
Двајца жители на скопското село Грчец биле ранети од непознати лица. Инцидентот се случил вчераутро, во два часот по полноќ, на влезот од селото, кога непознати лица стрелале во Д.О. (22), кој бил погоден во стомакот, и во Р.Р. (22), кој е ранет во стомакот и во левата подлактица. Ранетите се пренесени во Клиничкиот центар и се надвор од животна опасност. Според исказот што го дале во полиција, момчињата тврдат дека не знаат кој и зошто пукал во нив. Полицијата отвори истрага. (Г.А.) |