Јотовски и Мицов запрени во Варна
Томислав Јотовски и Стефан Мицов не успеаја да изборат настап на главниот турнир на тенискиот фјучерс во Варна, Бугарија, кој се игра неделава на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јотовски, 1414. на АТП-листата и 16. носител во квалификациите, на стартот беше слободен, во второто коло го декласира Романецот Влад Стефан со 6-1, 6-0, но се сопна на последната пречка, првиот носител Павел Катљаров (849.), од кого загуби со 6-2, 6-2. Мицов, пак, во првиот круг го победи Србинот Димитрие Тасиќ со 3-6, 6-4, 6-4, а во вториот беше поразен со 6-4, 6-2 од четвртиот носител Глеб Алексеенко (944.) од Украина.
Јотовски утеха ќе бара во двојки, каде што партнер му е Лазар Магдинчев. Први противници им се вторите носители Осакр Буриеса-Лопес и Хавиер Марти од Шпанија. (Р.Д.) |