Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Интерпол: Нема закани од терористи и од хулигани за Светското првенство

Роналд Нобл, генерален секретар на Интерпол, изјави дека во Ј. Африка ќе има најбројна делегација досега

Генералниот секретар на Интерпол Роналд Нобл потврди дека засега нема ниту една утврдена терористичка закана по Светското првенство. Нобл појасни дека полицијата во Јужна Африка ќе и' помага на Интерпол кој ќе биде составен со луѓе од 20-25 земји. Дополнителна помош ќе понудат и земјите учеснички на Мундијалот.

„Нема закани од терористи ни од хулигани кои се директно поврзани со Светското првенство. Нема сомнение дека турнирот во Јужна Африка ќе биде безбеден. Сите земји-членки на Интерпол дадоа цврсти убедувања дека ќе му помогнат на домаќинот да приреди безбеден и сигурен турнир“, изјави Нобл.

Проверката на посетителите во Јужна Африка, сепак, ќе се врши со помош на базата на податоци на Интерпол, и тоа на стадионите и местата каде ќе се собираат навивачите, од кои, во случај на потреба, на лице место ќе се врши и земање на отпечатоци од прстите.

„Наша цел не е само да се спречи пристап на Светското првенство на луѓето кои на некој начин претставуваат закана. наша цел е разбивање на организираниот криминал, трговијата со дрога и со луѓе“, дополни Нобл.

Што се однесува до локалните безбедносни сили утврдена е бројка од 200.000 професионални полицајци што ќе се грижат за безбедноста на фудбалерите и на навивачите.

„Јужна Африка во текот на турнирот ќе употреби 188.000 луѓе во своите безбедносни сили. На местото каде што ќе се игра ќе има 44.000 луѓе, а сите останати ќе се грижат за безбедноста низ цела земја. Навивачите не се ограничени само на стадионите, тие доаѓаат да уживаат низ цела Јужна Африка“, изјави првиот човек на јужноафриканската полиција Бекокваке Целе.


#
Статијата е прочитана 326 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Атлетико Мадрид и Фулам се борат за шпанската и за англиската чест
Лазаров си оди од Загреб
ЕП во ватерполо се сели од „Арена“
Швајцарија - најефикасно првенство на сите времиња
Јотовски и Мицов запрени во Варна
Л.А. Лејкерс и Орландо со „метла“ до конференциските финалиња
Денес вонредно коло на Првата лига
Третата етапа за Белгиецот Вејлант, трката заврши за Ванде Велде
Џанфранко Ѕола избркан од Вест Хем
Оставка на Зоран Алексов од УО на ФФМ
На „Македонски бисер“ ќе настапат борачи од 10 држави