Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

ЕП во ватерполо се сели од „Арена“

Ако ЛЕН одбие да се игра во базенот на Младост, првенството ќе го добие Манчестер

Наместо во „Арена Загреб“, 29. Европско првенство во ватерполо, на кое ќе учествува и Македонија, по се' изгледа ќе се пресели во базенот на Младост на Сава. Но, тоа треба да го аминува Европската ватерполо федерација (ЛЕН), чија што делегација доаѓа во Хрватска на 18 мај. Во случај на негативен одговор, шампионатот ќе го добие Манчестер, кој веќе се понуди како резервна опција. Првенството треба да се одржи од 29 август до 11 септември.

„По осум месеци тешка борба, не успеав“, разочаран е претседателот на Хрватскиот ватерполо сојуз, Перица Букиќ. „Шансите првенството да се одржи во ’Арена‘ веќе речиси и да не постојат“.

Клучниот проблем е во тоа што градот одбива да потпише договор со концесионерот на салата „Ингра“ со кој би се обврзал да ја надомести евентуалната штета за време на ЕП. „Ингра“, која го постави 20 мај како краен рок за усогласување, се плаши дека од влагата би можеле да настрадаат електронските уреди во ултрамодерниот објект што лани беше домаќин на Светското првенство за ракометари. Монтажните базени поставени во салите во кои се одиграа ЕП 1993 во Шефилд и СП 2003 во Барселона, сепак, не предизвикаа никакви оштетувања.

Извлекувањето на групите за претстојното ЕП ќе биде извршено на 21 мај на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб. Покрај Македонија, домаќинот Хрватска и бранителот на титулата Црна Гора, ќе настапат и Србија, Унгарија, Италија, Германија, Шпанија, Русија, Грција, Романија и дебитантот Турција. Прелиминарната фаза ќе се игра во две групи со по шест селекции.

Македонските ватерполисти, кои пред две години во Малага го освоија осмото место, за своето второ учество едноподруго на еврошампионатите се изборија како второпласирани во квалификациската група во Волос. Таму ги победија Франција со 9:8 и Словенија со 7:4, а загубија од Грција со 11:5. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 467 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 12.05.2010 09:42:21
Turnir Bratstvo-Edinstvo so nekolku gosti.Steta so ne se plasiraa Slovenija i BiH zada bide kompletno.

Најди! во Утрински
Спорт
Атлетико Мадрид и Фулам се борат за шпанската и за англиската чест
Лазаров си оди од Загреб
Швајцарија - најефикасно првенство на сите времиња
Интерпол
Јотовски и Мицов запрени во Варна
Л.А. Лејкерс и Орландо со „метла“ до конференциските финалиња
Денес вонредно коло на Првата лига
Третата етапа за Белгиецот Вејлант, трката заврши за Ванде Велде
Џанфранко Ѕола избркан од Вест Хем
Оставка на Зоран Алексов од УО на ФФМ
На „Македонски бисер“ ќе настапат борачи од 10 држави