Лазаров си оди од Загреб
Зајмувањето на две недели во Катар најверојатно ќе биде последната обврска за најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров како член на Кроација осигурање Загреб. Тој вчера требаше да замине за Доха, каде што од 17 до 21 мај ќе игра за катарскиот првак Ал Сад на турнирот „Супер глоуб“, па оттаму и неможноста од него да дознаеме за резултатот на преговорите со клупското раководство. Информациите од Хрватска, пак, наведуваат на заклучокот дека деновите на Лазаров во Загреб се изброени, и покрај договорот со важност до јуни 2011 година.
„Лазаров е одличен играч, но во моментов ни е прескап“, веќе извесно време категорично повторува главниот менаџер на заминување Зоран Гобац.
На најдобриот стрелец на загрепчани во Лигата на шампионите му бил понуден нов договор со годишна плата помала за 40 проценти, односно околу 120.000 евра. За него е заинтересиран Металург, но тешко дека финансиски би можел да им парира на Лемго, на Монпелје и на Целје, кои веќе ја почнаа трката по еден од најдобрите десни бекови во светот. (Р.Д.) |